Бранко Тричковски: И, замислете: СКМ во која оцениле дека бизнис пенетрациите на дуи се опасни за македонскиот олигархизам и решиле дека е помалку лошо да останеме без држава отколку да останеме без национална доминација во диригираната економија.
Изборите беа формално финале на тоа востание на македонскиот народ против слободата!
Парламентарните избори не беа ниту парламентарни, ниту избори. Тие беа маска на четите кои вмаршираа во селото што порано или подоцна ќе биде запалено.
А претседателските беа најава за воведување на прочуениот мерит систем. Гордана е единица мерка на меритот кој ќе биде комплетиран кога Меџити и Гаши ќе ги инсталираат своите триста директори и илјада и триста началници и други мерити како први до вмро-дпмне кој ќе инсталира, не знам, можеби и сто илјади мерит кретенчуги. Линк