Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите во Унгарија, падолт на Орбан и реакциите на влијателните светски медиуми

0
By Zoran Ivanov on April 15, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 15, 2026 10:00

Британските медиуми се поделени меѓу геополитички ентузијазам и внимание во интерпретацијата. Гардијан го гледа резултатот како удар за крајната десница, руското влијание и блокадите за поддршка на Украина. Телеграф пак нагласува дека Маѓар не е безусловно про-Брисел ориентиран и дека унгарските гласачи не го отфрлиле конзервативизмот како таков. Американските медиуми го третираат резултатот како домашен бунт со глобални импликации. АП го нарекува „изборен земјотрес“ и удар врз глобалната крајна десница. Волстрит журнал нагласува дека е поразен важен сојузник на Доналд Трамп и Владимир Путин во ЕУ.

Тони Поповски

Во првиот бран реакции во западните медиуми по изборите во Унгарија на 12 април 2026, доминантната оценка е безмалку конзистентна: победата на Петер Маѓар не се третира како обична смена на власт во Унгарија, туку како крај на 16-годишната „нелиберална“ ера на Виктор Орбан со очекување дека овој настан ќе предизвика демократска и геополитичка пресвртница во остатокот на Европа, односно секаде каде е присутен идеолошки судир помеѓу приврзаниците на либералната демократија и нејзините противници. Истовремено, присутно е исчекување дали Петар Маѓар навистина ќе се претвори во „спасител“ на либералната демократија во Унгарија и Европа, најмногу поради неговата десничарска провиниенција и реторика која го рефлектира мнозинскиот идеолошки сентимент на Унгарците веќе подолго време, сентимент на кој почиваше политичкиот капитал на Виктор Орбан.

Во споделениот прилог од Економист, убедливата изборна победа на Петер Маѓар е опишана како редок и значаен демократски пресврт по 16 години вкоренето „нелиберално“ владеење на Виктор Орбан, нагласувајќи дека Унгарците јасно избрале враќање кон Европа и владеењето на правото. Оваа можност е придружена со итни очекувања за укинување на унгарското вето за помошта на ЕУ за Украина и брзо обновување на односите со Брисел во замена за финансиска и политичка реинтеграција, паралелно со сериозниот предизвик да се демонтира длабоко вкоренет систем на институционална контрола на Орбан врз судството, медиумите и државниот апарат, задача што е можна, но не и загарантирана, благодарение на двотретинското парламентарно мнозинство на Маѓар. Истовремено, магазинот го повикува Маѓар да владее инклузивно, почитувајќи ја широката коалиција што му ја овозможи победата и претставувајќи ги сите граѓани, бидејќи Унгарија сега станува клучен меѓународен тест за тоа дали демократското назадување може успешно да се врати, со последици што се протегаат далеку надвор од нејзините граници.

Ројтерс од своја страна нагласува „проевропска насока“, затоплување на односите со Брисел, можен пристап до замрзнатите ЕУ-фондови и поголем простор за соработка околу Украина. Асошиејтед Прес го претставува резултатот како отфрлање на авторитарниот стил на Орбан и удар врз глобалната крајна десница.

Британските медиуми се поделени меѓу геополитички ентузијазам и внимание во интерпретацијата. Гардијан го гледа резултатот како удар за крајната десница, руското влијание и блокадите за поддршка на Украина. Телеграф пак нагласува дека Маѓар не е безусловно про-Брисел ориентиран и дека унгарските гласачи не го отфрлиле конзервативизмот како таков. Гардијан оди чекор понатаму и го гледа овој настан како потенцијална поширока пресвртница против десниот популизам во Европа.

Германските медиуми се фокусираат на предизвикот за обнова на унгарските институции и пошироката европска лекција која треба да се научи. Шпигел ја истакнува намерата на Маѓар да ја ревитализира поделбата на власта во Унгарија и извлекува поука дека дури и вкоренети популисти може да бидат поразени демократски. Зидојче цајтунг е повнимателен: укажува дека иако Брисел слави, Унгарија ќе остане сложен партнер и дека Маѓар не е целосно либерален.

Француските медиуми, особено Ле Монд, ја опишуваат победата на Маѓар како „враќање во Европа“. Акцентот е на крајот на демократското назадување, обновата на владеењето на правото и повторното поврзување со Брисел. Но, се нагласува и практичниот тест: дали Маѓар ќе може брзо да спроведе реформи за да се одблокираат ЕУ-фондовите.

Италијанските медиуми гледаат двојна динамика: европеизација и континуитет во конзервативните вредности. Ла Република го опишува Маѓар како патриот кој сака нормализација. Кориере дела сера ја нагласува проевропската насока, но и неговата намера да задржи врски со конзервативни партнери. Генералната линија на претпоставки е враќање во европскиот мејнстрим без целосен идеолошки пресврт.

Шпанските медиуми, особено Ел Паис, имаат силно проевропски тон. Победата се гледа како крај на ултранационалистички циклус и како почеток на реформи: борба против корупција, судска независност и деблокада на милијарди евра. Се истакнува и потенцијалното деблокирање на помошта за Украина.

Американските медиуми го третираат резултатот како домашен бунт со глобални импликации. АП го нарекува „изборен земјотрес“ и удар врз глобалната крајна десница. Волстрит журнал нагласува дека е поразен важен сојузник на Доналд Трамп и Владимир Путин во ЕУ. Волстрит журнал исто така ја истакнува симболичката тежина на поразот на една од највидливите фигури на десницата, но нагласува и економски фактори и корупциски скандали како клучни причини. Вашингтон пост се фокусира на предизвиците како економијата и институционалното наследство на Орбан. Про-Трамп ориентираните медиуми во САД (како Fox News, Newsmax) го прикажуваат поразот на Виктор Орбан на многу поумерен и дефанзивен начин, нагласувајќи дека победата на Маѓар, не претставува идеолошки пораз на десницата, туку пред сè резултат на домашни фактори како економски проблеми, замор од долгото владеење и перцепции за корупција, при што се потенцира дека самиот Маѓар не е либерален туку е центар-десничарски и националистички ориентиран политичар. Истовремено, овие медиуми ја минимизираат геополитичката тежина на настанот, дека станува збор за пад на еден лидер, а не на една идеологија.

По однос на глобалното влијание на овој настан, некаква резултанта на анализи и прогнози е дека глобалниот модел на „нелиберална демократија“ претрпе сериозен удар и е следствено ослабен. По однос на влијанието врз ЕУ се очекува решително обновување на владеењето на правото во Унгарија, деблокирање на помошта за Унгарија од 17–18 милијарди евра, целосна воздржаност од посегнување по вета и отстранување на ветото за помошта за Украина, за да сето ова заедно придонесе и за поголема кохезија во ЕУ.

По однос на влијанието врз Западниот Балкан, највлијателните медиуми прогнозираат зајкнување на центристичките, либерал – демократски и про ЕУ политички актери наспроти суверенистичко – патриотските актери.

Во една реченица, епилогот на изборите во Унгарија се восприема како симболичен пораз за глобалната нелиберална десница и постепено слабеење на нејзиното влијание, глобално, во рамките на ЕУ и на Балканот, но со една резерва кон Петер Маѓар, на кого се гледа како проевропски реформатор, но не и како либерален револуционер.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

маџар мнедиуми Тони Поповски Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.