Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборна кампања: Преглед на денот

0
By Нова ТВ on April 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ИЗБОРНА КАМПАЊА: Преглед на денот

Кандидатот на здружената опозиција за градоначалник на Центар Андреј Жерновски, го обвини неговиот противкандидат Владимир Тодоровиќ дека српските медиуми пишуваат за инвестиции во Србија, од пари кои ги зел од граѓаните на Македонија. “Се работи за големи суми пари, со злоупотреба на политичката позиција во власта”, вели Жерновски.

Тодоровиќ пак, ги демантираше ваквите обвинувања и понуди откажување од функцијата доколку Жерновски пред јавноста изнесе цврсти докази.

Денеска Државната комисија за спречување на корупција објави дека утврдила дека кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината, Андреј Жерновски криел имот, односно давал неточни и непотполни податоци за својот имот.

СДСМ пак, изјави дека кај Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на општина Карпош, дното нема крај, а а да го покрие чинот на реваншизам и бркањето од работа на чуварот од општината Карпош, Ненад Куч, Јакимовски се обидувал да му намести афера дека за време на неговото дежурство бил украден телевизор од објектот „Влајко“

Јакимовски излезе со реакција за овие обвинувања од неговата претходна партија: “ Уште еднаш кажуваме дека Ненад Куч не е избркан од работа, туку не му е продолжен договорот за работа.Тој подолго време се однесувал „комотно“ и несовесно на работното место кое му е доверено “

ДУИ до петок ќе донесат одлука кого ќе поддржат во вториот круг избори, односно дали ќе ги повикаат своите гласачи да се определат за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нивниот коалиционен партнер, или пак за здружената опозиција, која ја преводи најголемата опозициона партија СДСМ.

“Се уште немаме одлука”, изјави за НОВА портпаролот на ДУИ Бујар Османи, кој додаде дека се очекува на два дена пред изборите веќе да се знае нивниот став, со чија поддршка евентуално би се решила и победата на кандидатот за градоначалник на Скопје- Коце Трајановски или Јани Макрадули.

Партијата на Руфи Османи, НДП, во вториот изборен круг ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на ДПА, Зијадин Села. Се водат разговори и за другите општини на ниво на партиски ограноци.

НДП ја обвини ДУИ за изборен фалсификат на 24 март: “ Партијата на Ахмети изврши тешка манипулација на изборниот процес, преку масовно купување гласови, семејно гласање, заканување и заплашување на граѓаните од лица што се на раководни државни функции како и од државни инспектори преку казнени мерки кон гласачите”, соопшти НДП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.