Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЗБОРНА КАМПАЊА: Преглед на денот

0
By Нова ТВ on April 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И овој ден помина во светло на партиските препукувања, а во центарот на вниманието повторно беа препирките помеѓу кандидатите за градоначалници на општина Центар, Владимир Тодоровиќ од коалицијата “За подобра Македонија” и Андреј Жерновски од “Сојузот на иднината”.

Жерновски реагираше на најавите на Антикорупциската комисија дека ќе поведе постапка против него порадни наводно непотполниот анкетен лист.

“Мојот анкетен лист секогаш бил уредно пријавен. Јас живем во стара куќа која е наследство од мојот дедо, а наредбодавачот купи четири стана за време на конфликтот кога Македонија крвареше,” рече Жерновски и посочо дека власта пред вториот круг врши силен притисок врз него и сите кандидати на опозицијата.

Во јавноста се појавија информација дека и Тодоровиќ го нема пријавено целиот свој имот и дека има фирма во Бугарија која недостасува во неговиот анкетен лист. Тодоровиќ прво изјави дека податоците на бугарскиот централен регистер се стари и неажурирани, за потоа писмено да соопшти дека таа фирма нема основачки влог, па затоа и не ја пријавил. На страницата на бугарскиот регистер, сепак, го пишува паричниот влог.

-Согласно Законот за спречување на корупција Член 34, обврска За пријавување промена во имотната состојба имаат избрани и наименувани лица само за секое ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИМОТОТ во вредност што надминува износ од 20 просечни плати во претходниот три месечен период на ниво на држава.

Премиерот Никола Груевски во Струга ги повика сите граѓани да го поддржат нивниот заеднички кандидат со опозицијата д-р Владо Кочовски, чија главна цел, како што изјави Груевски, е овој мултиетнички град да го направи подобро место за живеење.
Груевски денес побара поддршка и од Дебарца.

– Време е и Дебарца да се приклучи на победничката коалиција, да влезе во побеничкиот табор, во побеничката екипа. Екипа која прави дела, екипа која гради, екипа која создава, екипа која решава проблеми Тоа е ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, рече Груевски.

Лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски се обрати од Кавадарци каде им порача на кавадарчани дека во недела треба да гласаат за себе и своите блиски, затоа што тоа, според него е најзначајната инвестиција. Според него, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за лозарството и придонела да се намали бројот на лозови насади.

– Во недела стартуваме со нула наспрема нула. Потребни ви се само 5 минути храброст за да ја донесете најважната одлука во вашиот живот од која подоцна нема да се срамите ниту пред самите себе, ниту пред вашите деца и блиски, рече Црвенковски.

Кампањата жестоко се води и во Велес. Кандидатот на опозицијата Аце Коцевски изјави дека во Велес за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ не била асфалтирана ниту една улица. ВМРО ДПМНЕ писмено возврати дека неговото деветгодишно владеење во Велес било вистинска пропаст за градот.

И денес, како и сите минати денови од кампањата, министри и функционери ги придружуваа кандидатите за градоначалници од владејачката коалиција во нивните промотивни изборни активности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.