Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборни злоупотреби врз грбот на децата и старите

0
By Сашка Цветковска on March 21, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Првата снимка покажува малолетни деца со партиските симболи на собирите на ДУИ во Шипковица во функција на промоција на изборната кампањата на нивниот кандидат за градоначалник на Тетово, Теута Арифи. На другата друштво и прави полицискиот началник од Тетово. И ДУИ како коалициниот партнер ДПМНЕ не штедат на функционери во себепромоцијата и партиските активности.
 
Министри, функционери и административци се во постојана придружба на кандидатите на владеајчките партии. Така на пример, министерот Тодоров вчера најави и помош на проектите на кандиданот за градоначалник на Кисела Вода Билјана Беличанец.

Таа се трка на избори, а тој ќе сторел се да се дислоцира центарот за зависници од општината. Експерти за НОВА во повеќе анализи предупредија дека ваквите активности се кршење на законите.

-Тоа повторно е инволвирање на Владата, на ресурисите на Владата во промоција на локалните кандидати. Ти имаш право да си ја водиш политиката на министерството, сето тоа е во ред, меѓутоа не можеш во изборна кампања или на промотивен настап на градоначалникот да се јавуваш, вели Драган Малиновски, поранешен член на Антикорупциската комисија

А до каде се оди во борбата за гласови: ниту децата се поштедени, ниту пак постарите. Во игра се и личните податоци ако некому му се потребни. Така на пример, пензионерите од општина Центар добиваат покани од градоначалникот за средби и ручеци.

На фотографијата во видеото е и една од тие покани каде Владимир Тодоровиќ, кандидат за градоначалник на општина Центар, ги кани пензионерите на домашна адреса да дојдат на ручек со него. Од каде му се податоците и кој си игра со приватноста на граѓаните? Од невладината Цивил велат дека случајот на Тодоровиќ не е изолиран, а личните податоци се злоупотребуваат постојано.

-Она што е најаларманто е заштитата на личните податоци. Неверојатно многу е раширена појавата да се знаат добро личните податоци, материјалната состојба на граѓаните. Ако сте пензионер, вам ви доаѓа покана за собир на пензионери. Ако сте инвалив добивате покана како лице со посебни потреби итн, вели Џабир Дерала од невладината „Цивил“ која го мониторира изборните злоупотреби

Ниту ДУИ ниту Тодоровиќ не беа достапни да дадат коментар за начинот на кој ја водат кампањата. Една од клучните препораки кои произлегоа од извештајот на ОБСЕ од минатите избори беше онаа во која се порача да не се злоупотребуваат државните ресурси во кампања.

Во меѓувреме, продолжуваат вработувањата, вонредние исплати на субвенции, социјални трансфери, објавување тендери.

Повеќе во видеото погоре.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.