Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборот на Гаши не е вонредна вест, но сепак се направи – Што се причините?

0
By Marija Todorovska on June 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изборот на собранискиот прв човек Африм Гаши се направи тивко и без некој позначаен „инцидент“, освен ако може да се каже „инцидентот“ на албанското читање на заклетвата, што предизвика реакција кај македонската опозиција.

За разлика од 2017 година кога за првпат беше избран претседател албанец на Собранието Талат Џафери, сега партијата со 58 пратеници која го поддржа Гаши не покажува никаков проблем што е Албанец.

Иако во предизборната кампања ВМРО-ДПМНЕ бараше 61 пратеник за да не бидат условени, се чини дека сега работите се поприфатливи и од партијата која државата за малку ќе ја вовлечеше во хаос, една од трите најважни позиции на државата да им се довери на албанските партии.

Тахири: Се надминуваат етничките бариери

Комуникологот и политичкиот аналитичар Сефер Тахири за ЦИВИЛ МЕДИА вели дека изборот на Гаши за претседател веќе не е вонредна вест, бидејќи ова е трет пат како пратеник од албанска националност се избира за прв човек на Собранието.

„Овој избор го гледам како природен политички процес и како дел од договорот за делење на власта што значи дека нема ништо спектакуларно на овој избор. Исто така мислам дека кај македонска страна, меѓу политичките субјекти, се надминуваат етничките бариери и се чини дека постои консензуален договор дека дури и важните позиции им припаѓаат на Албанците“, вели Тахири.

„Тензии“ меѓу СДСМ и Гаши

Вонредна вест се чини дека се направи со читањето на заклетвата од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши. За овие случувања реагираше пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, која соопшти дека поднела претставка до Секторот за инспекција при Министерството за култура против новиот претседател на Собранието Африм Гаши поради тоа што заклетвата прво требал да ја прочита на македонски, а потоа и на албански јазик.

По претставката поднесена од пратеничката Стојчевска во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Собранието Африм Гаши рече дека не гледа вина и дека не прекршил одреден пропис со тоа што свечената заклетва во Парламентот ја дал прво на албански, а потоа на македонски јазик. Тој се правда дека ништо не било намерно и дека заклетвата ја прочитал на два јазика заради технички причини.

„Јас ја прочитав свечената изјава на двата јазици, а ги прочитав како што беше читано од пратеничката што претседаваше, сигурно по некои технички причини. Не верувам дека било намерно, а и да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви делови. Но, и демократско право е на секој пратеник и на секој граѓанин, ако мисли некој дека некое право е прекршено, да реагира, да бара право, и тие што го прекршиле законот да одговарат, нема никаков проблем“, рече Гаши.

Реакцијата на пратеничката Стојчевска веројатно ќе беше соодветна доколку нејзината партија не го основаше концептот „Едно општество за сите“ во чие име некогаш доби значајни гласови од албанскиот електорат.

Н. Абдурахмани  / Цивил Медиа

Гаши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.