Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избрани музичарите кои ќе добијат субвенции од државата

0
By Нова ТВ on August 8, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако Владата лани распиша конкурс за пејачи и композитори кои ќе напишат или изведат песни со кои, меѓу другото, се промовираат и семејните вредности, познати се добитниците на музичките државни субвенции. Елвир Мекиќ и Елена Петреска со државни пари ќе ги афирмираат семејните вредности, а Ѓорѓи Крстевски и Јован Јованов се промовираа како композитори на народна песна.

Македонската радио-телевизија на официјалниот сајт го објави списокот со изведувачи и композиции одбрани на вториот квартален конкурс за стимулирање на македонската музичка продукција. На листата доминира познатиот автор Кристијан Габроски со дури четири примени композиции. Негови субвенционирани рефрени ќе пеат Анета Ристова, Александар Белов и две песни Елена Петреска – Толевска. Една од темите што ја изведува Петреска – Толеска е наменска – за афирмација на семејните вредности во општеството или за многудетните семејства. За оваа категорија пари од државата ќе добие и Елвир Мекиќ.

Одобрените финансиски средства во категоријата „афирмиран пејач на народна музика“ се за авторите- кантавторот Ѓорѓи Крстевски и Јован Јованов, и двајцата познати музичари на домашната поп-сцена. Во категоријата „врвен изведувач“, пак, е примена само една композиција на авторите Дамјан Лазаров и Елвир Мекиќ, а ја изведува Ламбе Алабаковски.

МРТ ја објави и листата со изведувачи и композиции кои не се прифатени на конкурсот и на истата има многу звучни имиња. Друга шанса за стимулација на своите дела ќе чекаат „Нокаут“, „Синтезис“, Адријан Гаџа, Слаткаристика, Влатко Лозаноски, Тамара Тодевска, ДНК, Ѓоко Танески. Од народњаците на испитот „паднаа“ Соња Тарчуловска, Ирена Спасовска, Наум Петрески и Ефто Пупиноски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.