Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ

0
By Нова ТВ on March 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изет Меџити преку својот ФБ профил го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.

Дозволете ми, како координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, напиша на неговиот ФБ профил Меџити, да изразам искрени честитки за вашата повеќе од конструктивна улога и вашата неприкосновена посветеност, што секогаш резултираше со ефикасност во работата на највисокото законодавно тело на РСМ и придонесе за дополнителни демократски вредности во домот на демократијата.

– Инаку, таа, демократијата, секогаш не само што дозволува, туку и ја промовира и иницира дебатата, а со тоа и различното мислење, не само во општеството и во храмот на демократијата, републичкиот Парламент, туку дури и во рамките на еден политички субјект. Јас, во текот на овие 20 години активен политички живот, секогаш докажував дека сум приврзаник и бранител, без никакво двоумење во себе, на двата главни принципи на демократијата: гласот на слободната мисла и силата на гласот на мнозинството на гласачкото тело, објави тој.

Меџити на ФБ напиша дека различното мислење е повеќе од здраво за едно демократско општество, додека силата на гласот на мнозинство гласачи е главната одредница за концептуалноста на демократијата на сите нивоа.

– Од оваа причина, стоејќи достоинствено зад овие принципи, останувајќи силно зад личните ставови, досега често изразени во јавноста, дека во политичкиот субјект на кој припаѓам од првите денови на нејзиното основање, се развиваат случувања што на никаков начин не можат да одат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ и што е уште поважно, ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседавачот г. Али Ахмети, но и заради не создавање на забуна ниту кај еден мој колега во Собранието, а од друга страна, со намера да дадам поширок простор на мојата интенција за подостоинствена елаборација на позицијата зад која силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, појаснува тој.

Најавува дека продолжува да биде, како што вели, гардиан на политиките и идеалите на претседателот Али Ахмети, како и на волјата на гласачите на ДУИ, кои во сите изборни циклуси, подвлекува Меџити, ни го дадоа најсилното оружје во наши раце, за да го оствариме она што го ветивме и за што сме се заложиле пред нив.

– Ова беше и ќе остане мој идеал, а не личните позиции и привилегии, објави на ФБ Изет Меџити. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.