Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгласана недоверба на конгресмен кој постираше анимиран филм со приказ на насилство врз конгресменка и претседателот Бајден

0
By НОВА ТВ on November 18, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставничкиот дом синоќа му изгласа недоверба на републиканскиот конгресмен Пол Госар, со што тој е отстранет од сите комитетски позиции, а му се заканува и оставка, откако постираше видео кое алудира на убиства на демократската прогресивна конгресменка, Александра Окасио Кортез и претседателот Џо Бајден. 

Кортез синоќа ги критикуваше републиканците кои одбија да гласаат, додавајќи дека кога законодавците споделуваат описи на насилство против самите себе „тоа се сведува на  насилство“, и дека придонесува за зголемениот тренд на расизам и омраза кон жените во САД. Демократите се мнозиство во Долниот дом на американскиот Конгрес.

Пред гласањето, Госар изјави дека тврдењето на демократите дека тој е опасен и претставува закана за општеството било „погрешно толкување“. Тој не се извини но го истакна фактот дека своеволно го избришал видеото што го објави на Твитер минатата недела од „сочувство“ за оние кои се почувствувале навредени. 

Неговите изјави на Твитер предизвикаа илјадници коментари на поддршка од страна на следбениците. Веднаш по гласањето, тој му ретвитна на познат десничарски водител за истото видео.   

Објавата, што сега е избришана, е преправена снимка од почеток на анимиран серијал во кој карактер од филмот носи лик на Госар кој со мечеви замавнува кон ѕверови чии лица се преправени со оние на Кортез и на Бајден.  

Објавата веднаш предизвика негодувања од демократите, некои повикаа на негова оставка. Спикерката Ненси Пелоси изјави дека тоа е „ужасно видео“.  

Госар е првиот член на Претставничкиот дом на кого после повеќе од една деценија му е изгласана недоверба. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.