Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изгубени во Македонија

0
By Нова ТВ on November 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во саботата на плоштадот Магнолија во Битола се случи необично сценарио: околу 16:00 часот беше довозен камион натоварен со купиште ситен камен (чакал) кој едноставно го испушти веднаш до споменикот на Филип II. Потоа, некои уметници почнаа да ги земаат камењата и да ги организираат преку подот како графит направен од камења, испишувајќи го името „Сабина Османович“

Ова, всушност, беше проект настанат како резултат на работилницата за уметност во јавен простор, а истата се одржуваше во текот на изминатата седмица во Центарот за Култура, во соработка помеѓу уметниците Снежана Алтипармак од Битола и Алмут Рембгес од Швајцарија.

Алмут е веќе еден месец во Битола и работи како уметник во престој на фестивалот “Culturescapes”. Фестивалот е годишен настан во Швајцарија, а оваа година е насочен кон размена со современи уметници од балканските земји.

Двете уметнички се одлучија да создадат привремен споменик од камења за една млада жена од ромската заедница во Македонија, Сабина Османович. Таа, до пред неколку години живеела во Швајцарија, каде се сретнале со Рембгес и заедно направиле театарски перформанс. Подоцна, морала да ја напушти земјата и тие изгубиле контакт. Рембгес во моментот не знае каде живее Сабина, но, претпоставува дека се вратила во Македонија.

Камениот графит беше создаден како споменик за оваа млада жена, која припаѓа на малцинство често дискриминирано низ целиот свет. Исто така, многу од нив аплицираат за азил во Швајцарија, која пак практикува една од најстрогите анти-миграциски политики во Европа. Новиот закон прави речиси невозможно за луѓето од Балканот да бидат прифатени од страна на рестриктивниот швајцарски систем за азил, па повеќето од нив се депортирани назад во нивните матични земји.

Уметничките го избраа каменот како симболична претстава за миграција, алудирајќи и на камењата поставени покрај железничките пруги. Во прилог на тоа, камењата исто така важат за алатка на отпор од страна на немоќни луѓе, кои немаат оружје.
Споменикот за Сабина исто така е симбол за историјата на обичните луѓе, така наречена микро-историја. Така што проектот сака да создаде исказ за луѓето кои се заборавени од традиционалниот начин на пишување на историја. Во опозиција на тоа, камењата на плоштадот Магнолија се знак на солидарност со оние кои се помалку застапени во создавањето на споменици.
Во таа смисла, уметничките го гледаат нивниот проект како ‘контра-споменик’ изграден од бесконечен број на искршени парчиња камен и кој е буквално акт на повторно пишување историја. Проектот не се однесува само на специфичната приказна за Сабина Османович: Исто така креира симболична врска помеѓу две лица од две различни земји и има за намера да направи критичка изјава за рестриктивниот систем за миграција во Швајцарија.

Конечно, графитот исто така би можел да биде директен сигнал до Сабина, како што се надеваат уметничките да бидат исконтактирани од нејзе ако таа прочита, или, слушни за овој проект. Контакт е-пошта: info@bblackboxx.ch

Проектот е дел од едномесечната artist in residency програма на уметничката Алмут Рембгес, поддржан од Pro Helvetia, а реализиран во соработка со фестивалот CULTURESCAPES, Факултет за работи што не се учат, АКТО Фестивал за современа уметност, Академијата bblackboxx no border и локалниот партнер НУ Центар за култура Битола.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.