На 2-ри април, неколку дена пред 20 годишнината од смртта на Kurt Cobain, фронтменот на групата Нирвана излегува стрип за неговиот живот.
Приказната во форма на стрип ќе се занимава со неговите успеси во светот на музиката, неговата борба со зависностите и депресијата. Стрипот ќе биде достапен во цртана и дигитална верзија, а го изработи Bluewater Productions која ги работеше приказните за John Lennon, Paul McCartney, Jimi Hendrix, Jim Morrison,и Keith Richards.
-Ова не само што е одличен начин да ја разбереме важноста за неговиот допринос во музиката, туку и нов механизам кој ќе овозможи младите да дознаат за него, по пат на различни медиуми. Од нашите стрипови денес се учи и во училиштата, а достапни се и во библиотеките, изјави еден од издавачите, Darren G. Davis.