Љубомир Костовски: Кога пред многу години во трката за градоначалник на Скопје победи Трифун Костовски како кандидат на ВМРО ДПМНЕ, со само 90 илјади гласови во своја полза, тоа беше прогласено за срам. Со толку гласови од 450 илјади гласачи во тотал, тоа е некаква политичка минијатура од градски татко. Гласачите на ВМРО ДПМНЕ проценија дека тој не е „изворен“ вмроовец и затоа не гласаа ама гласачите на СДСМ не излегоа бидејќи го сметаа Пенов како контрапункт за прелетувачч – веќе беше на чело на градот како кандидат на друга партија. Излезе некако дека војната се води меѓу ВМРО со ВМРО и бидејќи беше времето убавоп скопјаните си заминаа во винекдиците и иззлетничките места.
Ниту гласањето на претходните локални избори за Данела Арсовска не беше премногу блескаво – таа освои 120 илјкади гласови што треба да се погледни во однос на тоталните бројки на можни гласови.
Орце одново е некаде на ниво на она што го доби Трифун Костовски. И заслужува таква оценка. Секако, се покажува една зачудувачка апстиненција која кај албанскиот електорат е речиси правило, кога се работи за кандидат/кандидати кои не се од тој етницитет. Таков однос постои и кај изборот на претседател а за градоначалничкам фотелја да не говориме.
Извопр: Фејсбук
