Излезноста до 18:30 часот на вториот круг од локалните избори 2021 година изнесува 48,88%, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Вкупно, до 18:30 часот, гласале 555 943 гласачи.
Најголема е излезноста во Кочани, 81,2%. Најниска е во Сарај 28,12%. При гласањето во првиот круг, излезноста во 18:30 часот беше 48,99%.
– Имавме успешен и мирен ден, со изолиран број на инциденти. Имавме гласање фер и демократско, каде виддовме дека уредите за биометриска идентификација работеа беспрекорно, освен во неколку случаи сабалје… Сметам дека треба да причекаме сега да се пребројат резултатите и да заклучиме дека денот помина успешно, истакна Даштевски.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски, на вечерашната прес конференција истакна дека гласачките места се затвораат во 19 часот.
Сепак тој наброја неколку избирачки места на кои гласањето се продолжува, поради прекини.
Па така во Центар, на три избирачки места, ќе се гласа уште 2 часа и 55 минути, во Сарај исто така на три избирачки места гласањето ќе се пролонгира за уште 2 часа и 45 минути, а во Карпош на едно избирачко место и тоа уште 2 часа и 30 минути.