Денеска со почеток во 21 часот, на терасата на покривот од катната гаража „Македонска фаланга“ во Скопје ќе се одржи втората по ред изложба на објавени фотографии на Instagram снимени од Слободанка Тренчева Боте, #botovacha.
Со претставување на автентични, егзотични фотографии направени со мобилен телефон, ќе се долови секојдневието на обичниот корисник од Инстаграм.
– Боте прикажува како масовната визуелна култура зацвсрстува одредени репрезентации и типови на карактери во нашата колективна свест, истакнува Антони Мазневски, академски сликар и куратор на овој несекојдневен артистички настан.
За дополнување на атмосферата со музички перформанс ќе настапат Зоки Бејбе (instagram/zokibejbe) и DJ Вишко (instagram/wish.ko).