НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на Борис Чипан: По трагите на еден модернист

0
By Нова ТВ on March 30, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Музејот на Град Скопје вечерва (20 ч.) ќе биде отворена изложба „Низ збирката на архитект Борис Чипан“.

Концептот на изложбата има интенција да ја проследи и презентира професионалната и животната патека на архитектот Борис Чипан (27 март 1918 – 31 март 2012), со која зазема едно од најзначајните места во историјата на македонската современа архитектура, како творец кој подеднакво суверено се реализираше во областа на архитектонското проектирање, заштитата на градителското наследство, архитектонското образование и архитектонската публицистика.

Користените материјали се дел од неговата професионална оставина, донирана од семејството Чипан на Музејот на град Скопје, сублимирана во „Збирка на архитект Борис Чипан“. Збирката содржи над петстотини предмети, меѓу кои: оригинални проекти, цртежи, скици, студии, ракописи, белешки, фотографии, исечоци од весници, дигитални записи, награди, плакети, книги и други предмети кои Борис Чипан педантно ги собирал и чувал, а кои се сведоштво на неговото долгогодишно, богато професионално делување.

Борис Чипан е роден и израснат во Охрид, спрема кој чувствува огромна љубов, од кој ја црпи инспирацијата и на кој ќе му се навраќа целиот свој живот.

Средно образование завршува во Белград (1932 – 1936). Студира архитектура на Техничкиот факултет, Архитектонски отсек, во Белград (1936-1941), кадешто и дипломира, во класата на проф. Б. Коиќ, на тема „ Центар на селска населба“ во 1941 година.

По дипломирањето се враќа во Охрид, а во следните две години работи во Битола и Охрид, главно административни работи. Од 1944 до 1946 година гради мостови на ослободената територија на Пехчево, и работи на обнова на разрушените села во Македонија, за многу брзо време да прерасне во основополжник на заштитата на македонското градителско наследство. Во 1949 станува прв директор на тогаш основаниот Републички завод за заштита на културно-историски споменици. Од овој период посебно треба да се издвои неговата пионерска работа на конзервација на Св. Софија, катедралниот храм на Охридската архиепископија, кој ќе остане негова трајна професионална преокупација и личен предизвик да се откријат тајните на овој објект и комплексот што го опкружувал. Во оваа област подеднакво значајна е неговата работа на конзервацијата на црквата Св. Пантелејмон во Нерези, Даут-пашиниот амам и Куршумли ан во Скопје, Св. Богородица Перивлепта во Охрид, како и многу објекти од градската архитектура во Охрид.

Уште во 1949 година тој почнал хонорарно да работи на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје, а од 1959 година целосно се посветил на наставната дејност како доцент, а потоа и редовен професор на Архитектонскиот факултет по предметот проектирање на општествени згради. Во периодот 1969-71 година, бил декан на факултетот. Својата професионална кариера тој ја завршил на Архитектонскиот факултет воведувајќи генерации студенти во тајните и предизвиците на архитектонското творештво.

Проектантската дејност на архитект Борис Чипан е подеднакво импресивна. Тој е автор на многубројни архитектонски објекти низ Македонија од кои ги издвојуваме: Студентсо летувалиште на Феријалниот сојуз, Охрид (1954); Судските згради во Штип, Велес и Битола (1956); Заводот за социјално осигурување во Охрид (1955); Фабриката за фротир во Делчево(1959). Круна на неговото проектантско делување е објектот на Македонската академија на науките и уметностите за што, во 1977 година, ја има добиено највисоката југословена награда за архитектура на весникот „Борба“.

Во текот на целиот живот архитект Борис Чипан своите гледања на архитектурата воопшто, а особено на односот помеѓу современата и традиционалната архитектура ги обликува во текстови кои континуирано ги објавува во дневниот печат и периодиката, но и во повеќе книги издадени во периодот од 1955, кога е печатена неговата книга „Старата градска архитектура во Охрид“ (второ издание 1983), до 2007 година кога излезе од печат „Моето време во македонската архитектура“. Во овој период долг повеќе од половина век тој ги издал и книгите „Македонските градови во 19-иот век“(1978), „111 тези за архитектурата“ 1986, второ издание 2002), „Света Софија – катедрален храм на Охридската архиепископија“(1996), „Текстови за архитектурата“(1998), Долни сарај – Епизода од историјата на Охрид со Џеладин бег“(2001) и „Традиција и современост во архитектурата“ (2005).

 

За својата работа има добиено голем број награди, признанија, плакети, меѓу кои: Награда 7 Ноември, Охрид во 1977, за животно дело, 11 Октомври за годишно остварување во 1977 и 11 Октомври за животно дело во 1983 и Награда „Андреја Дамјанов“, за животно дело во 1990 од Сојузот на архитекти на Македонија.

Со изложбата во Музејот на град Скопје ќе се официјализира „Збирката на архитект Борис Чипан“, како прва збирка на еден архитект оформена во еден музеј во Република Македонија. Збирката, достапна за проучување за сите студенти, идни и сегашни архитекти, историчари на архитектурата и уметноста, хроничари, ќе остане да сведочи за времето и просторот во кое оставил длабоки траги великанот Борис Чипан – еден вистински модернист во македонската архитектура, архитект чија дејност е израз на едно доблесно време во кое се освојувал модернитетот како реален општествено остварлив концепт.

Изложбата ќе трае до 23. април, 2017

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.