Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на Дороти Пачкова: „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“

0
By Нова ТВ on January 23, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 25 јануари во Музејот во Тетово ќе биде поставена патувачката изложба под наслов „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“ “TRANSCENDENT FEMINISM”, на уметницата Дороти Пачкова.

-Визијата на проектот е да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Феминистичката уметност, како овој проект, отвара можности и сфери кои порано не постоеја, посебно отварајќи простор за активистичката уметност и нудејќи можности за разрешување на проблемите со женскиот идентитет, преку интердисциплинарен пристап. Главната цел на овој мал, патувачки проект е да направи “game change” во перцепцијата и самопепрцепцијата на и за жените, посебно за жените сингл мајки. Претендирајќи дека сингл мајката може/е успешна, целејќи да ја извади оваа жена од улогата на жртва, лузерство, неуспех, самосожалување и не давање на шанси за подобар живот на себе и на своите деца, вели Пачкова.

Исто така, изложбата дополнително има за цел, да ја анимира пошироката публика во однос на способностите на овие жени, да еманципира дека не се канцер на општествата.

Таа се надева дека ќе ги поттикне и мотивира и донесувачите на одлуки за јавните родови политики кои ги опфаќаат/кои се однесуваат на жените, да излезат од игнорантската позиција, после 28 години и да одговорат според нивните специфични начини на дејствување и живеење, кои им ги наметнуваат семејните околности.

-Со ваков вид на позитивна акција/афирмација, се отвараат нови перспективи и се детабуизира, се дестигматизира и унапредува позицијата на овие жени, а и се мотивираат сите жени, со и без деца и од различни типови на семејни конструкти. Исто така, проектот сака да создаде ефективен круг на феминистичко уметничка, конструктивно критична маса, што е пак помала подгрупа во големата сфера на феминистичка теорија која ги истражува дискриминацијата, сексуалната објективизација, угнетувањето, патријахалноста стереотипизирањето и слични родови проблеми. Вака се создава потенцијална можност за идни инклузивни, здружени соработки, кои организирано ќе третираат уметничко-културни-родови предизвици, истакнува Пачкова.

Проектот го формираат концептуални фотографии, 10 до 15, на жена, во сите различни сценарија кој се дел од нејзиното секојдневие. Фотографиите ќе референцираат на првите феминистички фотографии, но во современ контекст и реку перспектива на сингл мајчинство.

Фотографиите се свесно доведени до радикална асиметрија на нагласување на успешноста на жената, токму поради потребата да се излезе од дисфункционалниот, наметнат, директно и индиректно матрикс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.