Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на фотографии на Александра Арсовска во Галерија “Ко-Ра“

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 КУЛТУРА
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Денеска во 17 часот во малата сала на Галерија „Ко-ра“во ЈУДом на култура „Кочо Рацин“- Скопје, ќе биде отворена првата самостојна изложба на Александра Арсовска.
Овој циклус насловен  „Јас  имам сон и ќе го остварам“ е инспириран од  урбани моменти  од секојдневието, од жанр сцени, а  настанат е во период од последните неколку години по завршувањето на факултетот.
На оваа изложба ќе бидат претставени избор од 20 -тина фотографии, колор и црно бели. Нејзиниот свет кој го разоткриваме преку фокусот на фото објективот ни ја доловува нејзината природа  која е спонтана, неоптоварена и непосредна, помалку и загадочна во едноставноста на  комуникацијата  и дијалогот со светот кој ја опкружува.
„Токму тој  привид на безначајните и  неважни нешта кои  добиваат значење  и поистоветување со секојдневието на  една  урбана култура се спонтан предизвик за одбраните  кадри  на Александра  Арсовска кои некаде добиваат значење на една филмска естетика во која се преклопуваат личното, индивидуалното, урбаното, секвенци од природата,  материјализацијата на природните елементи песокот, водата, движењето  со моменти дополнети со семејно интимно опкружување“, ќе рече Виолета Калиќ на отварањето на изложбата.
Александра Арсовска е родена во Скопје 1992 година. Претставник е  на помладата генерација автори, Дипломирала на Европски Универзитет, во класа професор Гордана Вренцоска, која и е ментор и на  нејзината дипломска работа на  одделот за графички дизајн.
 Учествувала во повеќе манифестации, како и во повеќе  групни изложби на  „Европски Универзитет“ во Скопје,а  2018 година учествува на мултикултурната изложба на група од 55 ликовни уметници  од Македонија во „Студиефорбундет“во Малме, Шведска. Нејзина преокупација подолг  период е фотографијата.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.