Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на наградените автори на „Остен“

0
By Нова ТВ on December 5, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делата на 23 Остенови уметници се изложени во Македонската академија на науките и уметностите МАНУ, а тридневната изложба ќе биде отворена вечерва во 20:20 часот.

Се работи за дела на македонски и на странски уметници, кои беа дел од ОСТЕН Биенале на наградени автори – 41.Светска галерија на цртеж – Скопје 2013.

Остенови уметници се: Владимир Величковиќ (Франција/Србија), Глигор Чемерски (Македонија), Ниче Василев (Македонија), Стоимен Стоилов (Австрија/Бугарија), Златко Гламочак (Франција/Црна Гора), Тијана Којиќ (Србија), Јеонгмин Сух (Јужна Кореја), Марк Фризинг (Луксембург), Атанас Ботев (Македонија), Венцеслав Антонов (Бугарија), Мирјана Крстева Массетти (Македонија), Тони Шулајковски (Македонија), Павле Кузманоски (Македонија), Новица Трајковски (Македонија), Мице Јанкуловски (Македонија), Владимир Илиевски (Македонија), Зоран Малиновски (Канада/Македонија), Драган Караџиќ (Црна Гора), Симонида Филипова Китановска (Македонија), Татјана Манева (Македонија), Благојче Бане Наумоски (Македонија), Невзат Бејтули Кица (Македонија), Павле Пејовиќ (Црна Гора). „Сите тие се доказ дека уметноста создава мостови кои ги поврзуваат луѓето и световите, колку и да се различни. Тоа е цел и на нашата установа“, рече Корнелија Конеска, извршен директор на Остен Скопје.

„Чест ми е што со моите дела сум дел од друштвото на еминентни уметници. Кога создавам, тоа за мене прво претставува фобија, а потоа предизвик. Инспирацијата не ми доаѓа однадвор, туку ја црпам одвнатре, од мене. Од спомените од детството. Всушност, сакав да останам дете. А, тоа ми успева единствено во сликарството“, изјави Мирјана Крстева Массетти, која е една од најмладите Остенови уметници.

Изложбата ќе ја отвори претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Вељаноски. На присутните ќе им се обрати и македонскиот уметник Глигор Чемерски, добитник на наградата Гран При на Остен Биенале на наградени автори – 41. Светска галерија на цртеж – Скопје 2013.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.