Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на Жанета Вангели

21
By Нова ТВ on August 14, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Музејот на современата уметност-Скопје утре во 20 и 30 часот ќе биде отворена изложба од ретроспективен карактер СИНХРОНИЦИТЕТИ / Архив 1987 – 2017 на дела од авторката Жанета Вангели, акумулирани во текот на последниве триесет години, но кои сепак македонската публика немала можност да ги запознае во еден директен и непосреден амбиент.

СИНХРОНИЦИТЕТИ / Архив 1987 – 2017 е селекција на слики, дела на хартија,  реди-мејд објекти и инсталации, а во кино салата на музејот може да се проследат и проекциите: Видео селекција, т.е. избор од 7 кратки видеа од 30 минути, Судијата, експериментален игран филм, кој ја имаше својата светска премиера на 59. Интернационален филмски фестивал во Венеција во 2002 година, како и документарниот филм Евреите од Македонија и холокаустот, кој содржи ретки и вредни историски снимки од тој период, во јавноста само еднаш прикажани во Македонија.

За оваа изложба самата авторка ќе каже: „Моето досегашно, пред се, парцијално претставување токму во градот во кој живеам и работам, иницира огромна потреба во јавноста да се изнесат сите овие слики, фотографии, видеа, видео-инсталации и објекти кои во моите приватни простори имаат статус на големо, гломазно и габаритно депо, кое сукцесивно се зголемува од година во година. Музејот на Современата уметност во Скопје, со своите монументални просторни дадености, е токму просторот кој соодвествува на мојата замисла – да се постават разнородни дела од скоро сите периоди на мојата работа и инсталации со поголеми димензии.“

Куратор на изложбата е кустос Благоја Варошанец.

Изложбата е во организација на НУ Музејот на современата уметност, Скопје со финансиска подршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Жанета Вангели e родена во Битола, во 1963 година. Дипломирала на Државниот факултет за ликовни уметности – Штеделшуле во Франкфурт во 1988 година. Од 1988 до 2008 година работела како слободен уметник во Франкфурт и Скопје. Од 2008 година е професор на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на катедрата за сликарство, во звањето вонреден професор.

Тaa е мултимедијален уметник, активен во сферите на сликарството, фотографијата, инсталацијата, видеото и филмот. Таа имала преку 20 самостојни изложби во Скопје, Битола, Штип, Хунген, Франкфурт, Хехст, Келн, Њујорк, Стокхолм и други места.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.