Израелската армија официјално го потврди прекинот на „активните дејствија” во Појасот Газа на неопределено време, соопшти РИА „Новости”, повикувајќи се на официјален претставник од израелската армија.
Новиот формат на операцијата на израелските воени сили предвидува само интеракција на евентуални напади од „Хамас”, како и продолжувањето на потрагата и уништувањето на подземните тунели на палестинските исламски екстремисти на границата меѓу Израел и Појасот Газа.
Израелската армија денеска извршила само еден напад на цели во палестинската енклава, што се случило како одговор на ракетен напад, извршен од Хамас во територијата на Израел.