Израелските официјални лица потврдија дека нивните воздухопловни сили извеле напад против Сирија.
Цел на нападот биле магацините со ракети од напредна технологија.
Инсистирајќи на анонимност официјалните лица рекле дека не се работи за напад врз магацини со хемиско оружје, туку оружје кое требало да и биде испорачано на либаската група Хезболах.
Веста за израелскиот напад анонимно ја пренесоа американски официјални лица бидејќи тие немаат дозвола на оваа тема да зборуваат јавно.