Најмалку 15 лица, баратели на азил од тешките борби, беа убиени кога израелски ракети удриле во училиште во северниот дел на Појасот Газа, соопштија властите, цитирани од NBC news.
Според податоците на службата за итна помош најмалку 200 лица се повредени во училиштето во Беит Хану.
Денешната напад е четврт по ред врз објекти кои припаѓаат на Агенцијата на ОН за бегалци, но за прв пат се соопштува за жртви.
Во дворот на училиштето се формирале локви крв. Ударот се случува за време на тешките борби во целата крајбрежна територија.
Израел се обидува да ги запре ракетните напади од Газа и да уништи комплексна мрежа на прекугранични тунели.
Од итната служба информираат дека повредените и загинатите се меѓу стотиците кои бараат азил од тешките борби во регионот.