Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на ЕПИ: Јавната администрација е потранспарентна

0
By НОВА ТВ on July 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Забележан е напредок во транспарентноста на јавната администрација, како и подобрување во областа на јавните финансии, но се уште е потребно унапредување на соработката со граѓанскиот сектор. Слабости се забележани и во управувањето на човечките ресурси и времените вработувања. Ова се главните заклучоци на вториот извештај за Мониторинг на реформата на јавната администрација, спроведен во 2020 година од страна на Институтот за европска политика (ЕПИ).

Истражувањето на ЕПИ за мониторингот на реформата на ЈА, покажува дека Северна Македонија предничи пред земјите во регинот во управувањето со јавните финансии, при што е утврдено дека се преземени значителни чекори за подобрување на управувањето со јавните финансии во земјава, а создадени се и значајни апликации за следење на јавните финансии. Подобрена е и комуникацијата и соработката на Државниот завод за ревизија со јавноста.

-Годишниот буџет, извештаите за извршување на годишно ниво, полугодишните и кварталните економски извештаи се достапни. Граѓанскиот буџет нуди преглед на буџетот преку интерактивен интерфејс креиран за граѓаните. Отворени се значајни веб страници – Отворени финансии, јавен долг и финансиска транспарентност (за) Ковид-19, стои во извештајот.

Во однос на достапноста на информациите за јавни набавки, се наведува дека секој може бесплатно на Електронскиот систем за јавни набавки да прегледува објавени огласи, доделени договори, е-набавки и е-поплаки.

Значително подобрување се бележи во отчетноста и проактивноста на јавните органи, за разлика од мониторингот спроведен во 2017/18. -Резултатот во овој извештај е значително зголемен во споредба со претходниот од 2017/18, имајќи предвид дека плановите за работа на Владата и извештаите за спроведување на плановите претходно не се објавуваа, стои во извештајот.

Според мнозинството организации, се наведува во документот, информациите од јавен карактер ги добиле во предвидениот рок, бесплатно и во бараниот формат.

Од друга страна, се забележува дека дел од институциите немаат ажурирани информации за контакт на нивните веб страници, а ниту едно министерство нема споделено информации и контакти за соработка со граѓанско општество освен Министерството за животна средина и просторно планирање. Исто така, според извештајот, ниту една институција нема обезбедено информации за процесот на јавна консултација на ЕНЕР.

За соработката на ЈА со граѓанските организации општа забелешка е стратегијата за реформа на јавната администрација не предидува вклучување на граѓанските организации во административните структури за координација и мониторинг на реформата на ЈА, а консултациите, иако во голема мера се отворени за јавноста, обично се случуваат во доцна фаза кога документите се веќе подготвени.

-Она што треба да се издвои е дека во регионот само С Македонија и Албанија имаат пракса на објавување кумулативни податоци за бројот на службеници во јавниот сектор. Истите треба да се објавуваат секоја година и во вид на отворени податоци. Отсуствуваат квалитативни податоци за повеќе сегменти од системот (квалитет на службата и резултати), се наведува во извештајот.

Во однос на времените вработувања, е забележано ангажирање лица без огласи и без исполнување на истите критериуми кои важат во службата. Се посочува и дека постапките за вработување се обременети со доставување документација што ги прави тешко достапни за надворешни кандидати, а комисиите за селекција не ги образложуваат своите одлуки.

Во овој контекст, стои во извештајот, високите раководни службеници се под силен дискреционен систем, односно политички назначувања и разрешувања.

Во однос на давањето услуги, перцепцијата на граѓаните за напорите на Владата е влошена. Повеќето граѓани се свесни за постоењето и знаат како да користат е-услуги, но голем процент сметаат дека каналите за споделување мислење треба да се поедностават, додека 60 проценти сметаат дека администрацијата ги искористила нивните укажувања.

За перцепцијата на граѓанските организации, таа во голема мера останува негативна. Граѓанските организации, стои во извештајот, сметаат дека „Една точка за услуги“ не се лесно достапни и дека услугите не се соодветно распределени низ целата држава, а перцепците се многу негативни и во однос на прилагодување на услугите кон ранливите групи.

Кога станува збор за е-услугите, се забележува дека недостасуваат едноставни и лесни упатства за корисниците, и оти тие не се достапни за клучни услуги како регистрација на возило и издавање лични документи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.