НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај за АКМИС: Во Кривичен се криеле 860 предмети

0
By Нова ТВ on July 12, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за правда конечно го објави Извештајот за тоа како трите најголеми судови во Македонија ги распределувале судските предмети.

Генерален заклучок на Комисијата што ја формираше министерството е дека Основниот суд Скопје 1 и Врховниот суд спротивно на законот, наместо компјутерски, судските предмети ги делеле на рака.

Иако во Извештајот се посочени и неправилности во работата на Апелацискиот суд Скопје, сепак Комисијата утврдила дека во овој суд компјутерскиот систем за прераспределба на судски предмети (АКМИС) бил почитуван.

При контролата на овие три судови Комисијата на увид ги имала процедурите во функционирањето на АКМИС системот, годишниот распоред за работа на судиите, процедурата за исклучување на судиите од автоматската распределба на предметите како и сите одлуки за прераспределба на судските предмети.

Рибарев признал дека предметите се делат на рака

Што се однесува до најголемиот суд во земајва, основниот суд Скопје 1 кој суди исклучиво кривични предмети, Комисијата утврдила дека Годишниот план за управување со судските предмети во овој суд единствено бил донесен во 2013 година а внатрешните процедури за одделни процеси не биле никогаш донесени.

Судијата Стојанче Рибраев кој беше в.д претседател на судот во периодот од март до октомври 2017 година, во јули истата година формирал работно тело за управување со предметите во судот но до денот на увидот на Комсијата не бил изготвен Годишен план за работа со АКМИС ситемот ниту биле донесени внатрешни процедури.

„При увидот беше констатирано дека грубо е повредена процедурата за Годишниот распоред за работата на Судот – од 25 декември 2015 до денот кога е извршен надзорот. Годишниот распоред за 2016 година и 2017 година е менуван често и не е запазена процедурата за негово донесување. Евидентно е распоредување на конкретни предмети кои од еден судија се даваат во работа на друг судија. Поради честите промени на Годишниот план на распоред за работа и формирањето на повеќе посебни кривични совети бил лимитиран изборот на судија кој ќе биде вклучен во автоматската распределба на предмети“, пишува меѓу другото во Извештајот на Комисијата.

Комисијата формирана од министерството за правда уште констатирала дека не се почитувале одредбите од Законот управување со движењето на предметите во судовите

„Во текот на увидот в.д. претседателот Стојанче Рибарев извести дека во Судот постои рачна распределба на предмети. При заведување на предметите што биле во надлежност на судиите на претходна постапка и на кривичен совет во одделите кривично полнолетни и организиран криминал не се користел АКМИС системот, не биле подесени параметрите за автоматска распределба на предметите во уписниците за одделни предмети, а распределбата на предметите се вршела рачно, за која претседаталот Рибарев ја нарекол „двоен АКМИС. Движењето на предметите не се вршела во насока кон судии, истите не се евидентирани, а од страна на уписничарот е вршен избор на стручен соработник кој потоа вршел избор на кривичен совет пред кој ќе реферира за предметот “, пишува во Извештајот.

Комисијата констатирала и дека постојат 860 предмети во кој нема доделен судија. Со ова, пишува Комисијата во Извешатјот се доведува во прашање точноста на статистичките податоци во месечните и годишните извештаи за работа на Судот и на судиите кои се доставувани до повисоките судови, Судскиот совет и Министерството за правда.

Од увидот уште е констатирано дека исклучувањата на некои судии од автоматската распределба на предмети се вршени по основ на известување за отсуство по различни основи и за различно времетраење, најчесто пократко од 5 дена, без при тоа да биде изготвена писмена одлука со наредба и образложена причина туку само со параф на претседателот на Судот и со телефонско јавување во телефонската писарница.

„Во Основниот Суд Скопје 1 се уште се водат хартиени уписници за предметите од судска управа. При увидот беше констатирано дека во пишаните уписници не се заведуваат годините, оставени се празни броеви и не се знае кој предмет односно одлука е заведена под наведениот број. Иста е состојбата и во електронскиот уписник, истите броеви се празни и нема никаков записник, ниту акт“.

Апелацискиот суд Скопје законски работел со АКМИС системот

Што се однесува до контролата во Апелацискиот Суд, Комисијата формирана од министерството за правда констатирала дека е донесен Годишен план за управување со движење на предметите, формирано е работно тело за управување со движењето на судските предмети кое одржувало редовни состаноци. Констатирано е дека сите исклучувања на судии од автоматската распределба се вршеле со наредба на претседателот на Судот, во која е наведена причината за исклучување и барање итните предмети да бидат распределени на судијата преку АКМИС системот и да бидат повторно автомаски распределени на друг судија.

Комисијата констатирала дека Годишниот распоред за 2017 година е донесен на крајот на декември 2016 , истиот е изменуван и дополнуван 7 пати врз основа на Закон. Во 2017 година, во Апелацискиот суд , биле евидентирани над 200 изземања на судии, а причините за нивното изземање, констатира Комисијата, биле според законските прописи.

Во Апелацискиот суд била извршена и проверка како се воделе уписниците од страна на судската администрација и било утврдено дека основниот предмет се заведува во АКМИС системот за што се изготвувал соодветен акт , но дополнително изготвените акти на предметите не се заведувале туку се земал бројот на основниот предмет и сите акти на предметот се чувале во еден регистар.

Комисијата констатирала дека во Апелацискиот суд Скопје еднаш дневно се вршела автоматска распределба на предметите. Комисијата заклучува дека Апелацискиот суд Скопје законски работел со АКМИС системот , законски го применувала Сдускиот деловник, АКМИС системот бил имплементиран и редовно се корисел освен во делот за судската управа.

Врховниот суд влијаел на составот на судиите

Според извештајот на Комисијата, највисокиот суд, Врховниот не формирал работно тело за управување на движењето на предметите во Судот. Таму повеќепати бил носен нов Годишен распоред за работа.

„При промена на претседателите на судот, бил несен нов Годишен распоред за работа. Се забележува дека во Судот воопшто не се почитува начелото за специјализација на судиите кои постапуваат по различни области. Чести се прераспоредувањата на судиите без адекватно образложение при што судии кои постапувале во предмети од граѓанска материја биле прераспоредувани да судат предмети од кривична материја и обратно. Во 2017 година, распоредот за работа на судии бил менуван 9 пати“, констатирала Комисијата во Извештајот.

Со честите промени во распоредот за работа, Врховниот суд влијаел на составот на советите на судиите кои одлучуваат по предметите што повлекува и рачна прераспределба на предмети. За тоа постоела писмена одлука од претседателот на Судот, но истата не е била во согласност со Судскиот деловник.

„На овој начин, случајниот избор на судија со автоматската распределба на предметите бил суспендиран и наместо случаен избор, се добива очекуван избор на судија. Во 2016 година и во 2017 година во Врховниот Суд биле побарани околу 200 изземања на судии по различни основи. При прераспоредување на поединечни предмети во јули 2017 година од еден судија кој најавил подолго боледување на почеток на месецот а работи на притворски предмети кои се итни за одлучување, одлуката за исклучување од АКМИС системот била донесена еден месец по најавата за почеток на боледување на судијата“, пишува во Извештајот.

Со увид во судската писарница, Комисијата констатирала дека автоматската распределба на мал број предмети се вршела неколкупати во текот на денот, спротивно на правилата на автоматска распределба на предмети.

Да се зајакнат контролите на повисоките врз пониските судови

Врз основа на сето ова, Комисијата заклучува дека „судовите не ги применуваат доследно одредбите од Законот за движење на предмети во судовите и Судскиот деловник, АКМИС системот не се користи целосно согласно неговата намена, се злоупотребуваат одредбите од законските прописи за чести измени на Годишните распореди на судовите, а не се почитуваат и одредбите за специјализација на судии по различни области.

Поради ова, Комисијата формирана од министерството за правда предлага во сите судови веднаш да бидат формирани работни тела за управување со движење на предметите, работното тело во Врховниот суд кое работи на стандардизација на постапките во судовите да одржува редовни состаноци и да овозможи целосно имплементирање на АКМИС системот во сите судови во Македонија. Комисијата предлага и претседателите на сите судови да поднесуваат извештај за реализација на нивната програма за работа до Судскиот совет, а претседателите на повисоките судови да изготвуваат мислење за работата на претседателите на судовите врз основа на која ќе се оценува нивната работа како претседател.

Комисијата смета дека треба „да се зајакнат контролите на повисоките врз пониските судови со конкретни забелешки и мерки за следење на констатираните неправилности како и нивно отстранување со цел доследно почитување на законските прописи“.

Претседател на Комисијата што го изготви Извештајот за функционалноста на АКМИС системот во овие три судови е државната секретарка во министерството за правда Валентина Шаурек а во изготвувањето работеа и судиите Лазар Нанев и Зоран Димитриевски советникот аналитичар м-р Нино Наумов, советникот информатичар Наташа Однакозова Жабокова, советникот Славица Жерајиќ и информатичарите Петре Мркев и Даница Ангеловска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.