Во Нион денеска се одржа ждрепката за групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите, по кое што за прв пат во историјата Лео Меси и Кристијано Роналдо ќе играат еден против друг во групната фаза од големото натпреварување. Новата сезона во најелитното клупско европско натпреварување започнува на 20 октомври, а титулата ќе ја брани Баерн Минхен.
ГРУПА „А“: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Салцбург, Локомотив Москва.
ГРУПА „Б“: Реал Мадрид, Шахтјор, Интер, Борусија Менхенгладбах.
ГРУПА „Ц“: Порто, Манчестер Сити, Олимпијакос, Олимпик Марсеј.
ГРУПА „Д“: Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Мидтјиланд.
ГРУПА „Е“: Севиља, Челзи, Краснодар, Рен.
ГРУПА „Ф“: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Бриж.
ГРУПА „Г“: Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Ференцварош.
ГРУПА „Х“: ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лајпциг, Башакшехир.