Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изводи за родени и венчани од денеска и на домашна адреса

0
By Нова ТВ on October 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопјани од денеска на домашна адреса може да добијат изводи од матичната книга на родени и на венчани. За тоа треба да се регистираат на веб-страницата на Управата за водење на матичните книги (УВМК) или на нивниот е-портал uvmk.gov.mk, да пополнат барање и по уплата ќе добијат нотификација и време за испорака на документот на домашна адреса.

Како што информира директорот на УВМК Ѓоко Котевски, проектот е дел од Планот 3-6-9, а првата достава на готов документ е веќе извршена во скопската населба Јане Сандански. Услугата на почеток ќе можат да ја користат само граѓаните на Скопје, без разлика каде се родени, а наскоро ќе биде достапна и во сите градови во Македонија.

– Граѓаните може да аплицираат само за личен извод од матичната книга на родени или на венчани или за малолетно дете. При преземањето на документот на домашната адреса ќе мора да приложат личен документ за идентификација за да ја подигнат пратката, изјави Котевски по доставата на првиот готов документ во населбата Јане Сандански.

Директорот на Македонска пошта АД Скопје Фаадис Реџепи посочи дека двете институции размислуваат наскоро ваквата услуга да им биде достапна и на македонските граѓани кои живеат во странство.

– На сите граѓани кои ќе аплицираат во УВМК и ќе одлучат изводот да го добијат на домашна адреса ќе им биде доставен од поштарите на Македонска пошта во рок не подолг од 72 часа по приемот. Документите ќе се доставуваат препорачано со повратница и ќе бидат следени преку системот на Македонска пошта за следење на пратките во внатешниот поштенски сообраќај (tracking trace). Тоа ќе можат да го следат службите, но и граѓаните преку веб-страницата на Македонска пошта, рече Реџепи и додаде дека Македонска пошта веќе има искуство со доставување на лични документи на амбасади и досега немало никаков проблем.

Изводи по пошта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.