Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извршниот директор на TikTok се соочи со американскиот Конгрес да ја образложи безбедноста на апликацијата

0
By Соња Крамарска on March 23, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Извршниот директор на ТикТок
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извршниот директор на TikTok, кој ретко се појавува во јавноста,  денес се појави пред комитетот на американскиот Конгрес, каде што се соочи со прашања за безбедноста на податоците и безбедноста на корисниците, додека тој самиот даваше контрааргументи зошто не треба да се забранува популарната апликација за споделување видео.

Сведочењето на Шу Заи Чиу доаѓа во клучен момент за компанијата, која има стекнато 150 милиони американски корисници, но е под зголемен притисок од американските власти. TikTok и нејзината матична компанија ByteDance се зафатени во поширока геополитичка битка меѓу Пекинг и Вашингтон околу трговијата и технологијата.

Во својата воведна изјава, претседателката на Комитетот Кети МекМорис Роџерс, републиканец, ја нападна сигурноста на социјалната платформа поради нејзините блиски врски со Пекинг.

„Господин Чиу вие сте тука затоа што на американскиот народ му треба вистината за заканата што ја претставува TikTok за нашата национална и лична безбедност“, рече МекМорис Роџерс. „TikTok постојано воспоставува поголема контрола, поголем надзор и повеќе манипулации“.

Чиу, 40-годишен и родум од Сингапур, му одговори на Комитетот за енергија и трговија на Претставничкиот дом на САД дека TikTok има приоритет на безбедноста на своите млади корисници и ги негираше наводите дека апликацијата претставува ризик за национална безбедност.

„Има многу заблуди за нашата компанија и јас сум многу горд што доаѓам овде и ги претставувам нив и сите наши корисници во оваа земја“, им рече Чиу на новинарите пред да влезе на сослушувањето.

Во средата, компанијата испрати десетици популарни TikTokers на Капитол Хил за да лобираат кај законодавците да ја зачуваат платформата. Исто така, ширум Вашингтон објавува реклами кои ветуваат дека ќе ги обезбеди податоците и приватноста на корисниците и ќе создаде безбедна платформа за своите млади корисници.

TikTok е нападнат со тврдења дека неговата кинеска сопственост значи дека податоците од корисниците би можеле да завршат во рацете на кинеската влада или дека може да се користат за промовирање наративи поволни за комунистичките лидери на Кина.

„Ја разбираме популарноста на Тикток, го разбираме тоа“, рече прес-секретарот на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција вчера. „Но, работата на претседателот е да се погрижи Американците и националната безбедност да бидат заштитени. ”

Од своја страна, TikTok се обидува да се дистанцира од своето кинеско потекло, велејќи дека 60 проценти од нејзината матична компанија ByteDance е во сопственост на глобални институционални инвеститори како што е Carlyle Group. ByteDance е основана од кинески претприемачи во Пекинг во 2012 година.

Експертите велат дека официјалните лица би можеле да се обидат да ги принудат Apple и Google да го отстранат TikTok од нивните продавници за апликации, спречувајќи ги новите корисници да го преземаат, како и спречувајќи ги постоечките корисници да го ажурираат, што на крајот ќе го направи бескорисен.

САД, исто така, би можеле да го блокираат пристапот до инфраструктурата и податоците на TikTok, да ги запленат имињата на неговите домени или да ги принудат давателите на интернет услуги како Comcast и Verizon да го филтрираат сообраќајот на податоци на TikTok.

Извор: Асошиетед прес

САД ТикТок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.