Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извршниот директор во ММФ Хилберс: Централната банка дејствуваше соодветно за време на кризата

0
By НОВА ТВ on October 23, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за време на корона-кризата со мерки за поддршка, што придонесе за одржување на целокупната стабилност, истакна Пол Хилберс, извршен директор во Меѓународниот монетарен фонд за Конституенцата во којашто членува нашата земја. Тој додаде дека „тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења“.

Овие констатации беа дадени за време на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше тимот на Народната банка предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Оваа година, како и минатата, средбите се одржуваат виртуелно поради пандемијата.

Извршниот директор Хилберс посочи и дека одржувањето на независноста на Народната банка е висок приоритет и дека ММФ ја цени стручноста и истрајноста на раководството и стручниот тим на Народната банка, особено во напорите да се надминат ефектите на корона-кризата.

– Народната банка спроведе политики и неуморно работеше заедно со централните банки од Европската Унија за надминување на негативните ефекти предизвикани од корона-кризата. ММФ оддава особено признание за овие залагања. Професионалноста, стручноста и посветеноста се на највисоко ниво кога станува збор за одлуките што ги спроведува Народната банка. Исто така, даваме целосна поддршка за мерките на монетарната политика за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, нагласи извршниот директор.

За време на состаноците, посебно внимание им беше посветено на најновите проекции на ММФ, што укажуваат на натамошно закрепнување на македонската економија, во услови на поволно надворешно опкружување, поголема доверба и стимулативните мерки од политиките. Проекциите укажуваат и на намалување на инфлациските притисоци и стабилна надворешна позиција на економијата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека Народната банка внимателно ги следи економските случувања и потврди дека економските изгледи се во согласност со очекувањата на ММФ. Таа истакна дека со оглед на целокупната неизвесност предизвикана од пандемијата на ковид-19, Народната банка и понатаму внимателно ќе ги следи сите показатели, вклучително и движењето на цените и инфлациските очекувања. Централната банка е подготвена да реагира доколку е потребно.

Министерот Фатмир Бесими, кој го предводи тимот на Министерството за финансии, исто така учествуваше на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.