Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈАДРО потпиша спогодба со кандидатите за градоначалници

0
By on March 22, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЈАДРО, асоцијацијата во која членуваат независните културни институции и поединци, потпиша спогодба за соработка со Јани Макрадули, кандидат за градоначалник на Скопје и со кандидатот на Либералната партија Горан Николовски. Во Прилеп, ваква спогодба е потпишана со тројцата кандидати за градоначалници: Хари Локвенец од Коалицијата „Сојуз за иднината“, Зоран Петрески од Социјал демократска унија и со Марјан Ристески од ВМРО – ДПМНЕ.

Кандидатот за градоначалник на Битола Менде Диневски и кандидатката на Републиканската Алијанса Габриела Арсовска Милошевска, кои, според Искра Гешоска, претседателката на ЈАДРО, покажале политичка волја за понатамошен дијалог.

„Нагласувам дека ги контактиравме сите кандидати за градоначалници, но тие немаа слух за средба, разговор и евентуално потпишување спогодба за соработка“, вели Гешоска.

Со спогодбата за соработка се дефинираат начините за финансирање на независниот културен сектор во градот и во општините и формирање на посебна институција помеѓу градот и независниот културен сектор.

-Имајќи на ум дека ЈАДРО се залага за партиципативна улога во креирањето на културните политики на локално и централно ниво и за подобрување на условите за работа на независниот културен сектор, сметавме дека е нужно да се контактираат кандидатите за градоначалници кои претендираат за мандат на ниво на Градската управа, и со нив да се потпише спогодба за соработка во која тие ќе се обврзат да ги вклучат нашите барања доколку добијат мандат. Воедно ЈАДРО ја презема оваа активност и заради создавање поинаква перспектива и поинакво читање на културата – како важен социо-културен сегмент, а не само како нешто кое постои херметично, изолирано од останатите општествени и политички случувања и слоеви, вели Гешоска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Трамп му се закани на Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас и ослободетеги заложниците веднаш!

ВЕСТИ October 3, 2025

Американскиот претседател, Доналд Трамп во најновата денешна објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро…

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

October 3, 2025

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.