НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈАДРО реагира против оштетувањето на муралите

0
By on January 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пожарот кој во вторникот на 15 Јануари попладне пеплоса дел од зградата на Македоски пошти односно некогашниот телекомуникациски центар (исто така архитектонско ремек дело на архитектот Јанко Константинов). Неповратно се оштетени и уништени муралите изработени од еден од основоположниците на македонската современа уметност и најистакнатиот Mакедонски автор од пост кубистичката епоха Борко Лазески (Prilep 1917 – Skopje 1993).

Уништувањето на муралот на Борко Лазевски е навистина поразувачки факт кој говори за неодговорноста на надлежните институции во однос на културното наследство. Имајќи го на ум фактот дека ова исклучително дело и не е дел од оние артефакти кои спаѓаат во заштитено културно наследство, наследство од прв ред, па дури небило ниту попишано и верифицирано ниту како културно наследство од локален интерес ние ЈАДРО-асоцијација на независната културна сцена, сметаме дека е време да се отворат повеќе прашања и ургентно да се ревидираат постпаките и процедурите за валоризација, заштита и прогласување на движно и недвижно културно наследство особено она од модерната македонска историја во повоениот период.

Затечени сме со фактот дека ниту еден од муралите, витражите, декоративните елементи но и архитектонските дела на модерната (зградите на Поштата, Владата, Универзитет св. Кирил и Методи, НБРМ, Архивот на Македонија) исто како и движните артефакти и дела кои се во сопственост на државните или приватните институции во земјава иако исклучително вредни и значајни ремек дела на македонската уметност едноставно не се препознаени од надлежните институции и ставени под заштита (макар како објекти со употребна вредност и споменици од локално значење).

Зарем во земја во која културата е најголема светиња и каде културата е дејност од национален интерес како што е во Република Македонија, владее само декоративна грижа за културното наследство и тоа особено во последните години.

Зарем огромните инвестиции во културата сепак се недоволни за зачувување на постоечкото светски признато наследство (како што беше случајот со муралите на Лазевски) а доволни за маспродукција на новокомпонирано фингирано културно наследство.

Отворено прашуваме дали со запоставувањето на постоечкото културно наследство, особено она од периодот на кралството Југославија и повоениот период на СРМ, вусшност некој сака да избрише дел од нашата историја или, можеби, едноставно ваквото однесување на надлежните институции е дел новата преродба и дел од финансиските зделки кои се прават во име на заштитата на културното наследство и создавањето на ликот на Дизниевото Скопје.

Како асоцијација составена од уметници, историчари на уметноста и културни работници сметаме дека е нужно да се одговори на следните прашања:

1. Кој одлучува и според кои процедури се одредуваат движните и недвижните дела за култуно наследство.

2. Дали постои закон и ревизија на она што треба да биде прогласено за културно наследство на 20тиот век.

3. Како се спроведува заштитата на културното наследство на дело

4. Кога последен пат е направна валоризација на современото наследство во Македонија од страна на надлежните институции.

На крајот на ова писмо Јадро уште еднаш остро реагира на негрижата во однос на движното и недвижното културно наследство во Република Македонија без разлика дали се работи за наследство од национално или локлано значење. Сметаме дека никој нема право да суди кое наследство е потребно и „соодветно” а кое не. Наше е она што постои да го зачуваме и предадеме на следните генерации во што е можно подобра состојба, најмалку онака како што ние сме го добиле од нашите предци и на тој начин да ја направиме МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, се вели во соопштението на асоцијацијата ЈАДРО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.