Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јадро: Сомнеж, револтираност и вознемиреност за отчетот

0
By Нова ТВ on April 25, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена вечерва излезе со реакција за неодамнешниот отчет на министерката за култура Елизабета Канчевска за Скопје 2014.

Во реакцијата се вели:

Со вознемиреност, револт и сомнеж реагираме на таканаречениот „Отчет“ за средствата потрошени во рамки на проектот „Скопје 2014“, а кој беше презентиран од страна на министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на 22. 04. 2013.

Јавно реагираме и напоменуваме дека Министерството за култура ги потценува и унижува граѓаните на Република Македонија, а особено уметниците и културните работници, неодговорно расфрлајќи се со бројките, но и со реално потрошените средства. Станува збор за пари од буџетот на Република Македонија, за пари на граѓаните на Република Македонија, а не за приватен капитал.

Министерството за култура и Владата на Република Македонија, до сега се однесуваа кон програмскиот, содржинскиот и финансискиот аспект на културното творештво и уметничката продукција монополизирачки, централистички и самоволно, при тоа неодговорно повикувајќи се на псевдо-експертиза и на псевдо-транспарентност. Средствата со кои располага Министерството за култура се наменети за севкупниот развој на живата култура и за заштитата на македонското културно наследство. Изјавите на официјалните лица и на министерката за култура дека прокетот за, според нас, обезличување не само на Скопје, туку и на целокупната историја и идентитет на еден социо-културен контекст, чинел „само“ 208 милиони евра, ги оценуваме како непримерни и крајно навредливи за сите кои на културата сè уште гледаат како на општествен и политички сегмент од витално значенње за правилен развој на демократијата и граѓанската култура во Република Македонија.
.
Почитувана Министерке Канческа Милевска,

Веќе неколку дена неуспешно се обидуваме да сфатиме како е можно кој било, па дури и Вие како челник на ресорното министерство со таква леснотија да изјавувате и да се дичите дека „Скопје 2014“ чини „само“ 208 милиони евра. Би сакале да ве потсетиме дека „Скопје 2014“ ја чинеше земјата огромни задолжувања, несомерливи дупки во буџетот, но пред сè, жртвување на демократијата, на историјата, на идентитетот, на квалитетната уметничка продукција. Овој проект е оценет меѓународно како срамен и невкусен, во најмала рака, а граѓаните на оваа земја ќе го отплаќаат овој срам со децении.

Без намера да навлегуваме во полемика дали тоа е сума со или без анекси и со или без „реквизити“, фасади и останати елементи типични за „фасадната култура“ која ја застапувате, отворено прашуваме: Дали за Министерството за култура и за Вас лично, во земја каде што се врзува едвај крај со крај, каде што луѓе умираат заради ненавремено дијагностицирање на сериозни болести, каде што најголемиот процент од граѓаните живеат во сериозна сиромаштија, 208 милиони евра се мали и неважни пари, небаре имаме милијарда евра во буџетот за култура, па едно делче не е ниту битно? Дали сте размислиле што можеше да се направи со тие пари за граѓаните на Република Македониа да имаат навистина долгорочен бенефит и достоинствен живот? Дали сте направиле анализа каква културна политика требаше да развивате за да ја продолжите историската и идентитетската рамка преку заштитата на културното наследство и поддршката на живата култура низ која ќе се отсликува сето она кое ова мултикултурно поднебје го носи низ историските слоеви?

Почитувана министерке, велите дека проектот со кодно име „Скопје 014“ е евтин и не чинел многу, особено во однос на она што нам ќе ни го возврати овој проект! Се согласуваме со Вас дека ова е евтин проект, но во една друга смисла – евтино е вашето читање на културата и на историјата но за таа „забава“ требаше да ги прашате граѓаните на оваа земја. И, навистина, касапењето и еутаназијата на Скопје тешко е да се направи со 208 милиони и потребно е да се штеди за да се постигне планираното, но нејсе, има време до 2014.

Простете, но не можеме да се согласиме со вас – станува збор за расипнички однос кон народните пари. Тоа се огромни пари не само за културата туку и за цела Македонија.

Вашето Министерство е должно да ја чува и развива КУЛТУРАТА во и на Македонија. Потрошивте околу 40 милиони евра за од нашата татковина да направите огромен, „златен театар“, додека државата е во „камено доба“, додекај многу вредни и посветени уметници за жал се „статисти“. Зарем на Вас и на Вашите соработници како луѓе од културната фела не Ви доаѓа да „штрбнете“ барем делче, десеток, од тие милиони и да ги пренасочите во другите области од културата кои последниве години се на мртовечка постела.

Како асоцијација на независната културна сцена не можеме и не сакаме да прифатиме криење зад културата и трошење на 208 милиони земени од устата на граѓаните за креирање нови културни идентитети додека сите останати гранки на културата се занемарени.

Само минатата недела највредните Мијачки икони исчезнаа за навек од црквата „Св. Ѓоргија“ во Лазарополе, музеите и галериите имаат продукција од половина изложба месечно, археолозите наместо да работат, чепкаат по земјата македонска како кокошки на буниште, највредните споменици на византиската уметност пропаѓаат, а нивните фрески се распаѓаат. Конзерваторските центри наместо да ги претворите во врвни експертски установи за заштита на наследството ги сведовте на ниво на селски кооперации без пари, опрема и надлежности. Конзервацијата е на најниските гранки од ослободувањето во 45-та. За издаваштвото и меѓународните претставувања да не зборуваме, а независната култура и културна сцена се поддржува со средства еднакви на вредноста на десниот чевел на третата скулптура од мостот на уметноста.

Заради сево ова, почитувана министерке, бараме од Вас да ја третирате културата како целина и да се застапувате и борите за правата на сите културни работници и културните институции и да се изборите барем за едно делче од парите кои под превезот на културни политики расипнички се расфрлаат да го најдат својот пат до вистинскиоте потреби на културата и културниот сектор на Македонија.

Зарем не е жално, почитувана министерке да се трошат 208 милиони за пред некогашниот симбол на Скопје, Камениот мост, меѓу спомениците на нашите најголеми дејци да се стави рингишпил и да се направи панаѓур. Зарем не е грев во период кога владата има илјадници прокети за реализација да ја менува фасадата и од модерни градски чевли естетски да се враќа во опинци од 17 тиот век.

Заради сево ова, почитувана министерке, Ве повикуваме итно да покренете иницијатива за ревидирање на националните културни програми и политики, бидејќи со продолжување на постоечките трендови ќе станеме земја без автентична култура и културна продукција што ќе остави длабоки белези и рани на националниот идентитет не само на Македонците туку на сите граѓани на Република Македонија, се вели во реакцијата на Јадро за отчетот на Канчевска за Скопје 2014.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

September 10, 2025

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.