Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

J’ai honte (Се срамам)

0
By Нова ТВ on November 16, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

колумна на реисот Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ

„J’accuse“ е отвореното писмо на Емил Зола што тој, пред сто години, му го упати на претседателот на Франција, во врска со аферата „Драјфус“. Со времето, тој израз стана синоним за текст преку кој се изразува револтот и одбојноста кон некое друштвено зло.

Сум обвинувал и јас конкретно и сум укажувал често на злоупотребата на исламот од страна на неодговорни луѓе, кои со своите постапки опасно го нарушуваат угледот и имиџот на исламската вера како вера на мирот и на љубовта, објавена од Алах за сите времиња и за сите народи.

По вчерашните грозоморства во Париз, јас веќе не обвинувам. Јас се срамам. Се срамам пред францускиот народ, се срамам пред сите добронамерни луѓе на светот. Најмногу се срамам пред семејствата на загинатите во Париз бидејќи не сум сигурен дека тие имаат сила да го прифатат моето сочувство. И не ги обвинувам, бидејќи сум свесен за болката што ја чувствуваат.

Се срамам затоа што тоа што се случи во Париз е бестијално, а таа бестијалност ѝ се припишува на мојата вера. Се срамам затоа што невидената бруталност на таму некои заведени и загубени души ја дискредитира мојата вера и верите воопшто, бидејќи им овозможува да ликуваат тие што тврдат дека „Светот без Бога е поубав свет и дека религиите секогаш стануваат радикални и екстремни…“.

Денес се срамат сите муслимани, иако авторите на масакрот во Париз не ги признаваат како свој дел. Денес, секој искрен верник и припадник на исламот се чувствува исто како да се случил масакрот во Џеда, Каиро, Дубаи, Приштина, Скопје или во Тирана. Вчера загинаа недолжни луѓе, меѓу кои најверојатно има и муслимани бидејќи во Франција живее многу голем број од нив.

Ако некаде се добредојдени и интегрирани муслиманите, тоа е Франција. Ако некаде просперирале муслиманите дојденци, тоа се случувало во Франција. Затоа сум убеден дека тие муслимани не би ги злоупотребиле можностите што им се пружени, ниту би ја нарушиле атмосферата на толеранција. Тие муслимани се сосема свесни дека живеењето во Европа подразбира и почитување на правилата и законите што владеат во Европа, а дека постигнувањето какви било цели, особено верските, со употреба на сила, претставува нецивилизираност.

Се плашам дека многу малку или речиси ништо не значи веќе тоа што ние муслиманите (терористите не ги сметам за муслимани) изразуваме солидарност со жртвите на тероризмот. Ние може да сме згрозени од нападите во Париз, може и да нѐ прекрие срамот од тоа што се случи таму, ама вистинската болка останува во Франција и долго ќе тлее таму, ќе гори во сеќавањето на луѓето што си ги загубија најмилите одненадеж, без никаква вина и без никаква најава.

Се подразбира, терористите убиваат и во Кудс, во Египет, Ирак, Сирија… И таму владеат стравот и болката, но тоа само потврдува дека светот, без оглед на припадноста на злосторниците, се наоѓа во незавидна положба бидејќи се соочува со безредие и беззаконие, појави што Алах не ги сака.

Како и да е, и во овие денови на ужас, кога светот, скршен од нечовечноста на терористите, го вперува прстот кон муслиманите, ќе го повторам тоа што е есенцијално кога се во прашање исламот и вистинските исламски верници и ќе повторам:

Исламот е универзално добро што им е дадено на луѓето од Тој што го создаде и го објави, значи од Семоќниот Алах. А едно од деведесет и деветте убави имиња на Алах е и Ел Халим (Толерантниот Бог). Верата што ја објавил Алах, кој се нарекол себеси и Толерантниот Бог, не може да биде доведена во врска со тероризмот, а уметот муслимански не може да биде терористички настроен.

Тој умет, тој народ муслимански е метафизички предодреден да биде екуменистичен и подготвен на дијалог, токму како што посакува Алах, Ел Халим, Толерантниот Бог. Уметот муслимански е свесен и знае дека „Одземањето на еден недолжен живот е рамно на космичка трагедија“, и затоа не смее да си дозволи да ги прекрши правилата што ги воспоставил Творецот на световите.

Терористите што нанесоа толку многу болка и предизвикаа толку ужас во Париз, дефинитивно не се муслимани, тие се само убијци што случајно носат муслимански имиња. Тие не избираат цели, тие убиваат муслимани и христијани заедно, тие сакаат да посеат несигурност и страв меѓу сите нас, без оглед на нашите имиња и нашето верување.

Терористите би сакале да го убијат човештвото, ама човештвото го штити Алах, Ел Халим, Толерантниот Бог, Тој што нѐ создал различни за да можеме да се запознаеме подобро и да се сакаме повеќе (парафраза на курански ајет).

Но, се срамам поради Париз, се срамат сите муслимани поради Париз.

J’ ai honte.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.