Донесов одлука за која сум сигурен дека е исправна и за која нема да се каам никогаш во животот, изјави Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош, во интервјуто за Канал 5.
Според него, овие избори ќе биле еден вид тест за опозицијата за да си го провери рејтингот, односно дали протестите го подобриле имиџот на опозицијата, или, пак, треба да ги преиспитаат своите политики.
„Војна со една битка не се добива, а една таква битка беа локалните избори”, рече Јакимовски.