Потпретседателот на државната изборна комисија Субхи Јакупи, тврди дека првичната одлука со која ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО – ДПМНЕ во општините Центар и Струга е законски донесена.
Тој е изненаден од одлуката на Управниот суд за прегласување во Центар и Струга.
„Не можам да верувам дека имало толку неправиности на толку избирачки места во Центар“, вели Јакупи, за Вести 24.