Првиот пријателски натпревар на фудбалска репрезентација на Косово која неодамна доби дозвола за меѓународни средби, ќе биде против Јамајка, пренесува „Газета експрес“.
Екипата на Алберт Буњаку најверојатно натпреварот ќе го одигра на стадионот во Косовска Митровица кој во моментов е во фаза на реконструкција.
„Набрзо ќе ги поканеме претставниците на УЕФА и ФИФА да ги прегледаат стадионите во Приштина и Косовска Митровица и да извршат инспекција, но натпреварот најверојатно ќе се одигра во Косовска Митровица“, пренесуваат српските медиуми изјава на неименуван извор.
Наредните денови се очекува Фудбалскиот сојуз на Косово да организира конференција за медиумите на која ќе следат детални информации околу пријателскиот фудбалски меч со Јамајка.
Инаку, националниот тим на Косово на 13 јануари годинава, доби дозвола од ФИФА да се натпреварува на пријателски мечеви со членките на ова фудбалско тело.
Воедно, во септември 2012 година, познатите албански интернационалци Лорик Цана (Лацио), како и Швајцарците Ксердан Шакири (Б.Минхен), Гранит Џака (Б. Мехенгладбах) и Валон Бехрами (Наполи), со потпишана декларација до претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, побараа на Косово да му се овозможи да игра пријателски натпревари.