Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески: Груевски избега, Рангелова е ослободена, остана Миле да биле виновен

0
By Нова ТВ on September 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ако имав вина, ниту јас, ниту моето семејство немаше да може да го издржиме овој притисок со кој се соочуваме повеќе години наназад, туку ќе признаев и ќе се молев за помала казна. Но, бидејќи јас немам никаква вина, стојам исправен пред вас, пред целата јавност, за да докажам дека немам никаква улога во овој немил настан, изјави поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во завршните зборови за случајот „Шамари во Центар“.

Изменетото обвинение за предметот „Шамарите во Центар“ пред давањето на завршните зборови, според обвинетиот поранешен министер Миле Јанакиески го дискриминира бидејќи нема еднаквост на оружјата.

Во него, според неговата одбрана, тој, наместо како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е наведен како близок соработник на бившиот премиер Никола Груевски.

„Пред само три работни дена беше претставено новото обвинение. Пред кого да докажувам дали сум или не сум бил близок соработник на Никола Груевски или дали сум истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ или не”, изјави попладнево во Основниот кривичен суд поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Тој тврди дека, според податоците од СЈО, има над 80 000 прислушувани разговори од него и во завршните зборови посочи дека во јавност се објавувале селектирани „бомби” во последните пет години, а со тоа се стигматизирал неговиот лик и била создадена перцепција дека е насилник, криминалец, терорист, а сето тоа „влијаело пред време да биде осуден во јавноста.“

Во завршни зборови тој посочи дека поради бегството на Груевски, сега цената ја плаќа тој.

„Факт е дека откако Груевски не е присутен во Македонија, голем дел од медиумскиот и политички притисок е врз мои плеќи, затоа против мене се водат осум постапки и секој ден сум на суд. Дали е потребно да се најде жртвено јагне за да се понесе одговорноста за нечии постапки?”, запраша Јанакиески.

„Рангелова е ослободена, Лазаров призна вина, Груевски си замина и што останува? Миле Јанакиески да биде огласен за виновен за некој да може да поентира дека победила правдата”, изјави поранешниот министер за транспорт и врски.

Според обвинението, Јанакиески се товари за поттикнување на насилството на протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.