Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев синоќа, заедно со екипи од неговата општина, вели дека го исчистил воздухот во Кавадарци, напиша тој на Фејсбук. Тој купил апарат, што чини околу 2.500 евра, и кој прави вештачи дожд.Тој исто така објави и видео.
-Ова е еден вид на аеросолизација за намалување на загаденоста во воздухот. Вечерва за прв пат се примени во Кавадарци. Функционира на тој принцип, што се прска вода под висок притисок, како прав, со атомизер на 20 бари и висина до десет метри. При тоа, се создава прашина од вода, која со неа ги спушта ПМ честичките. Може да се додадат и хемикалии, за поголема ефикасност, на пример калицум и друго. Се влече со возило, атомизерот е приклучен елемент за трактор, или возило за специјална намена – изјавил Јанчев за ,,Фокус”.
-Јас го имам во семејната компанија, но го отстапив на користење за потребите на градот. Обично се користи за прскање во земјоделие, треба само температурата да не е под нулата, поради мрзнење – рекол градоначалникот за Фокус.