Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева ги урива првите ѕидови во тврдината наречена УБК

0
By Сашка Цветковска on March 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајца началници, од кои едниот на Управата за безбедност и контраразузнавање, а другиот на секторот за координација, заедно со поранешната министерка за внатрешни работи пролетта 2015 незаконски уништиле опрема за следење на комуникациите, соопшти денеска Специјалното јавно обвинителство презентирајќи го новиот случај „Тврдина“.

„Тврдина“ веќе му даде друга димензија на случајот „Пуч“.Случајот го започна Државното јавно обвинителство под водство на Марко Зврлевски во време кога не беше формирано специјалното јавно обвинителство, ниту, пак, беше потпишан Договорот од Пржино, а подоцна Јанева побара преземање на истиот. Лидерот на СДСМ во „Пуч“ е обвинет за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, а за помагач на истото дело се товари и Бранко Полифров, вработен во општина Струмица.

Во „Пуч“ првообвинет е контраразузнавачот Зоран Верушевски кој се товари за неовластено прислушување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Второoбвинет е порaнешен вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски кој се терети за неовластено прислушување и тонско снимање и шпионажа, a третоoбвинета е сопругата на Верушевски – Соња Верушевска која се товари само за делото шпионажа.

Кому му одговарало уништувањето

Во текот на истрагата, еден од обвинетите, Звонко Костовски, вработен во МВР, склучи спогодба со Јавниот обвинител, ја призна вината и се договори за висината на затворската казна, три години затвор за неовластено прислушување.

Новите наоди од „Тврдина“ отвораат и нови погледи кон истиот случај. Спогодбата со Звонко Костовски е склучена на 25 фебруари 2015 година. Во пресудата Судот заклучува дека тој ја користел опремата во УБК за прислушување до која што имал пристап и поттикнат од Верушевски, а за материјален надомест, а дека тоа го правел од 2010 година па наваму.
“Ги искористил посебните уреди за прислушување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникациите на МВР до кои што имал пристап и познавање, па со нивна употреба неовластено снимал комуникации на начин што по барање на З.В. и Ѓ.Л. во средствата за следење ги внесувал броевите кои тие му ги давале“, стои во пресудата.

Уништувањето, пак, на опремата за прислушување се случува токму во овој период. Нејасно е зошто би се уништувала оваа опрема доколку истата служела како доказ во овој процес, како што е нејасно од самиот процес „Пуч“ дали судот и обвинителството имале увид во опремата и логовите на вработените кои прислушувале и снимале и дали е направено вештачење или се било сведено на искази на осомничените.

Јанева го убива митот за тврдината наречена УБК

„Тврдина“ не отвора само пат кон расчистување на скандалот со прислушувањето и злоупотреба во институцијата чија задача е да се грижи за безбедноста на граѓаните без да ги нарушува човековите права и слободи. „Тврдина“ ја отвори првата врата во тврдината наречена УБК.

Моќ, неказнивост, недопирливост – овие зборови долги години го илустрираа имиџот на доскорешниот прв човек на тајната полиција во Македонија или УБК, Сашо Мијалков. А имиџот на лицето беше и имиџ на институцијата. Многу контроверзи беа врзани за работата на македонската тајна полиција. Истите почнаа уште при неговото именување на функцијата – експертите за антикорупциски политики тврдеа дека првиот братучед на премиерот не може да ја води оваа институција бидејќи станува збор за опасен судир на интереси ако се има во предвид дека тајната полиција е една од најмоќните институции во земјата. Една од најголемите контроверзи, пак, беше онаа за тоа како и колку пари трошат.

Во изминатите речиси 9 години колку што беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков никогаш не се појави лично во парламентот за да даде извештај за работата пред Комисијата за контрола на тајните служби. Претседателите на ова тело со години се жалат дека се оневозможени да си ја вршат својата работа. Од друга страна, буџетот на полицијата од 2006 година наваму постојано расте за денеска да биде една од институциите со најголем буџет. Во 2014 овој буџет изнесуваше 218 милиони долари, од кои што 170 милиони се издвоение за безбедносни работи. Само за споредба, во 2006 година буџетот изнесуваше 146 милиони долари. Или, да речеме, буџетот на Министерството за транспорт и врски кое е надлежно за целата инфраструктира во земјава има буџет кој изнесува 73 милиони долари во 2014, односно три пати помалку од полицијата. УБК никогаш, ниту со Мијалков, ниту пред него, на јавноста не и даваше на увид годишен извештај за својата работа по примерот на земјите во Европа.

Никој не знаеше што се набавуваше, каква опрема користи тајната полиција и за што ја користи. Ниеден парламентарец, без разлика на безбедносните сертификати, не успеа да влезе во „тврдината“ и да ја изврши својата законски определена обврска – да утврди како и што работи тајната полицијата.

Случајот „Израелска опрема“ ќе отвора нови врати во тврдината

Аферата со прислушувањето отвори низа горчливи прашања за тоа дали опремата за следење на комуникациите се користела законски. Но, „бомбите“ на Зоран Заев открија сомнежи и за други незаконски дејствија во оваа институција. Јанева веќе го побара случајот „Израелска опрема“ во којшто осомничен за поткуп е Сашо Мијалков.
НОВАТВ минатата година го истражуваше случајот со изреалската опрема, а дел од лицата и компаниите кои се споменуваа во прислушуваните телефонски разговори беа фокус и да други истражувачки стории на НОВАТВ.

На следните линкови прочитајте го серијалот истражувања на НОВАТВ за израелската опрема подготвен од новинарите Сашка Цветковска и Владо Апостолов.

Кој е Влатко од бомбата на Заев преку чија фрима се врши трансакцијата со Израел
https://novatv.mk/index.php?navig=12&writer=5&vest=21632
Донаторите од Израел мераклии за данок, иако не морале да платат
Кој е Израелецот од снимките за донацијата којашто ја договара Мијалков

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.