Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаниќијевиќ по настапот во Каен:Убаво е да покажеш дека Балканот е дел од Европа

0
By Нова ТВ on June 3, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Срѓан Јаниќијевиќ

Во изминатиов период заедно со режисерката Нела Витошевиќ работевме на претстава по мој текст насловен Шехерезада во Каен, Франија. Шехерезада е црна комедија, која ја имам напишано во 2011 година и поставена е на сцена истата година во независна продукција, но со оглед на осакатеноста на ваквите продукции кај нас, не остана подолго на сцената. Сепак тоа не е тема сега.

Станува збор за црна комедија во која два ксенофобични и параноични карактери, кои живеат во светот на глобалните завери, разочарани од секоја идеологија на корумпираниот либерален капитализам, сакаат да ја спасат нацијата и светот од „теророт на исламот”.

Некаде пред крајот на минатата година Панта театарот од Каен кој организира фестивал на современа драма насловен како „Пишување и режија денес” чија концепција е да се повикаат три автори и два режисери (оваа година од Македонија), ме одбраа мене како автор на Шехерезада, а режијата и припадна на Нела Витошевиќ.

Заедно со нас на фестивалот беа и драмскиот писател Горјан Милошевски и режисерот Мартин Кочовски со „Човекот кој не знаеше да каже не”, а и Дејан Дуковски со “Утерус” во режија на Ги Деламонт од Панта театар. Цел овој проект е направен со подршка и на Локомотива од Скопје.

Поради темата (растечката ксенофобија и исламофобија го засега поголем дел од светот) знаев дека „Шехерезада” може да биде многу возбудлива во Франција, па за тоа и инсистирав со тој текст да се претставам.

После некој месец се случи Шарли Ебдо. Работите станаа „потешки”. Раните се уште не се залечени и не знаев дали Шехерезада во овој контекст може само да додаде сол.

Утрото кога тргнавме за Франција се случи Куманово. Кога се разбудивме следниот ден во Каен морничаво биеа камбаните за мене и Нела. Ја оставив сопругата дома бремена и можеше да се породи секој момент во земја каде што калашниковот пак почна да „пее”.

Лоша музика за бремена мајка. Лоша музика за бебешки уши. Дента почнавме со работа со извонредни пет актери кои видоа дека сме вознемирени. Same old Balkan story – ми беше чувството. Французите нормално се интересираа за ситуацијата. Конечно и Шехерезада се бави со нашите заблуди кон исламот. Не е исто – им кажав на актерите. Вие, муслиманите ги дожувувате како дојденци, а ние со нив сме живееле заедно цела историја. Ова е чисто политичко срање.

Нела, вредна каков што Господ ја дал, целосно се фокусира на претставата, а јас имав повеќе слободно време, кое го трошев на нервоза.

Уште после три дена проби видов дека Нела прави извонредна претстава. Чиста минималистичка естетика, префинет хумор и крајно софистицирана театарска напнатост која како со жилет ја продлабочи жестината и “in yer face” директноста, со која не калкулирав во Шехерезада. По само три сцени бев задоволен знаејќи дека имаме добра претстава. Тоа ги подигна моите очекувања. Имаше отворена генерална проба на која никој не очекуваше дека ќе има толку публика. Реакциите по представата беа за мене изненадувачки.

„Ова е тоа што ни се случува и ова сакаме да го видиме во театар”, „По Шарли вакви претстави ни требаат повеќе” вакви и слични коментари добив од публиката. По десет дена ја одигравме премиерата на која имаше повозрасна публика која морам да признаам дека ми направи поголема трема. Навикнат сум на конзервативната покондирена публика за која театарот треба да биде „возвишен” и пред се пристоен.

Кога гледам повозрасна публика со нивниот скандализиран израз на лице кај нас на претстава, веднаш сум нервозен. Не знам што бараат таквите во театар. Треба да седат дома и да гледаат мртви природи кога веќе сакаат мртов театар. Арно ама, реакциите беа одлични. Ја одигравме пред исклучително сериозна театарска публика која многу точно и искрено реагираше во секој момент од претставата која ги погоди и како порака, но и како естеско доживувањем кое Нела како искусен мајстор со лесна рака, го постави на сцена.

За време на претставата некој од публика извикувал “Генијално”. Тоа ни го кажаа актерите во претставата. По претставата коментарите беа (покрај Fantastic, Tres bien, итн) дека Шехерезада била вистинско освежување; дека би сакале ваков театар да гледаат и на поголемите сцени во Франција, зошто е возбудлив, директен и длабоко се бави со проблемите на современото општество.

Убаво е чувството кога текст што си го напишал во 2011 година во Македонија, во 2015 го поставува добар режисер од Македонија во Франција, функционира еднакво силно и точно, без оглед на времето и просторот. Убаво е кога ќе покажеш дека Балканот е дел од Европа. Убаво е син ми, кој во меѓувреме се роди, да биде Европеец од Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.