Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанко Бачев или Федерика Могерини, изборот е твој

0
By Нова ТВ on September 27, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа

Епа драги сограѓани еве не, во последната недела пред историскиот миг, пред најзначајната одлука која треба да ја донесеме како општество, одлука која дефинитивно ќе ни ги отвори вратите кон една подобра иднина или пак тие врати засекогаш сами ќе ги затвориме пред себе. Цел свет се ангажираше во последниве недели да ни прати порака токму за тие врати, кои отворено не чекаат, и за тоа што сé зависи од таа наша одлука која треба да ја носиме на 30. септември, на само неколку дена од денеска.

До сега ги слушнавме сите пораки и сега е време да одлучиме. Ја видовме Ангела Меркел да дојде до Скопје, за прв пат еден германски канцелар да дојде во Скопје, и да ни каже дека сме пред историска можност да кажеме “да” за нашата европска иднина. Пред неа дојде Тереза Меј да ни го соопшти истото. Дојде повторно Столтенберг да не потсети уште еднаш дека без имплементација на Договорот со Грција нема да можеме да станеме членка на НАТО. И Федерика Могерини дојде повторно да ни соопшти дека без тој договор ни Европскиот сон не може да го сонуваме, а камоли да отвориме пристапни преговори со ЕУ.

И Американците дојдоа и ни кажаа колку е важна одлуката што ја носиме во недела за нашето членство во НАТО и за нашата безбедност, а и потпретседателот Пенс му го соопшти тоа на премиерот Заев на нивната историска средба во Вашингтон. И Макрон имаше обраќање до нас со многу јасни зборови и со многу значајна порака.

А за тие скептичните, кои имаат намера да бојкотираат со образложение дека ВМРО-ДПМНЕ е против договорот, имавме посебна порака и од Курц, чија австриска Народна партија е дел од Европската народна партија каде каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ. Не заборавајте, Курц беше во митингот на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2016 година, така што, тие што му аплаудираа тогаш треба сега внимателно да ги слушаат неговите зборови – неговата порака е за нив.

Сите овие пријатели на нашата земја отворено и добронамерно ни кажуваат дека патот до интеграцијата во НАТО и ЕУ води низ спроведувањето на договорот со Грција. Алтернативен пат до ЕУ и НАТО нема. Ова е единствениот пат до нив.

А дали Македонија има друга алтернатива освен ЕУ и НАТО не ни кажа никој од овие што се за бојкот. Никој, освен Јанко Бачев кој соопшти дека тој и неговата партија се со Русија и наместо интеграција во ЕУ нудат интеграција во евро-азиската заедница.

Која е таа заедница? Што не поврзува нас со таквата заедница? Дали истата постои? Колку наши граѓани живеат во таа непостоечка заедница? Дали нашите млади бегаат од нивната држава за да одат да живеат во таа заедница? Колку пари таа фиктивна заедница вложила во нашата држава, нашите институции, нашите патишта, нашите училишта, нашите болници? Колку од нас би сакале да живееме во таа заедница? Јас на пример не би сакала, под никаков услов, и за никакви пари. Европските демократски западни вредности не би ги менувала за ништо.

Сепак, Јанко Бачев вика дека е ова алтернативата што тој ја нуди. Ако ова не е алтернатива не знаел што друго може да биде, ни соопшти. Тргнувајќи од фактот што тој е меѓу главните на движењето #Бојкотирам, и меѓу единствените кој всушност навистина зборува за некаква алтернатива, колку и да е тоа непостоечка, еве и нас ни се олеснува работата.

Така, драги сограѓани, на 30 септември си имаме многу лесна работа: Да избереме помеѓу Јанко Бачев и Федерика Могерини, да избереме меѓу Иванов и Емануел Макрон, да избереме меѓу Солза Грчева и Ангела Меркел, да избереме меѓу Борис Дамоски и Мајк Пенс. Изборот е наш, и оваа можност ја добиваме само еднаш. Нема да ни се повтори ваквата можност уште еднаш.

Нема ни да нé има ако уште долго се мислиме во овие турбулентни времиња на Балканот, каде веќе отворено се зборува за прекројување на граници. Шансата ја имаме, поддршка од целиот цивилизиран свет ја имаме.

Алтернатива немаме, бидејќи таа на Бачев навистина не можам да ја прифатам како сериозна алтернатива.

Ако некој уште има дилеми зошто прашањето е поставено во врска со интеграцијата во ЕУ и НАТО нека знае дека тоа не е случајно, бидејќи Договорот со Грција е услов без кој не се може ни во ЕУ ни во НАТО. Така поставеното прашање ни кажува јасно зошто ова го правиме и каде сакаме да одиме.

Ако некој се уште се мисли да ги казни политичките партии на власт со својот бојкот, нека знае дека овие не се ни парламентарни ни претседателски ни локални избори, ова е референдум во кој ние ја дефинираме нашата иднина и се определуваме јавно дали сме со истокот или западот.

Затоа, на 30ти не одморајте, не спијте, не се откажувајте од вашата и наша иднина. Не се откажувајте од можноста да придонесеме во градењето на една држава и едно општество во кое ќе имаме лице да им кажеме на нашите деца дека можат да живеат и дека секогаш можат да сметаат во неа. Ова не е само наша можност, ова е денот за кој после неколку години, нашите малолетни деца ќе не прашуваат што сме правеле. Со кое лице ќе им објасните на нив дека тој ден одлучивте да одморате, да спиете, да не направите ништо за да создадете можност и тие да живеат тука?

Јас нема да ја пропуштам таа можност. На 30 Септември ќе гласам ЗА, за мене, и за моите малолетни синови кои тој ден немаат право на глас. Ќе гласам ЗА, за да можам после некоја година да им кажам дека ако тие сакаат, можат и тука да живеат, и сепак да бидат дел од Европската Унија и НАТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.