Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкуловска: Фантомските гласачи- лоша координација меѓу СДСМ и невладините

0
By Нова ТВ on April 11, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР направи проверки за да види дали има каква било аргументација во прилог на нивното тврдење. Проверките покажаа дека овој пат очигледно се работи за лоша координација меѓу СДСМ и невладините организации кои обработуваат за нив на овие избори, одговори министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање за фантомските гласачи во имагинарни влезови во Кисела Вода.

– Проверките покажаа дека сите лица на посочената адреса имаат документи издадени многу одамна. Дел од нив се во периодот 2003 година, потоа 1998, 1997, 1996, 1994, 1978 година, потоа во осумдесетите година. Евидентно е дека СДСМ некоја претходна ситуација, во времето кога тие управувале со институциите, се обидоа да ја стават во функција на овие избори, меѓутоа има една неуспешна координација со луѓето кои тие ги контролираат, а се претставуваат како претставници на НВО, рече Jанкулоска.

Според соопштението од МВР, во системот и картотеката за лични карти направени се проверки за годината кога прв пат лицата биле пријавени на наведената адреса, односно улицата „Михаил Чаков“ каде што бројот на влезот е поголем од 3 и бројот на станот е поголем од 17, како што беше наведено од невладините организации.

– Утврдено е дека станува збор за 54 лица,кои поседуваат лични карти од поодамна, односно сите тие имале претходни лични карти на истата адреса. Личните карти на тие адреси се издавани во периодот на претходното раководство на Министерството за внатрешни работи, но има и такви кои за прв пат се издадени во 90-тите или 80-тите години.

– Согласно Законот за личната карта (Службен весник на Република Македонија број 166/2012) како и согласно Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, не е предвидена обврска за приложување односно докажување на живеалиштето и адресниот податок во постапката за промена на лична карта заради изминат рок. Ваква обврска е предвидена само при промена на живеалиште или промена на адресен податок. Во тој случај задолжително е со барањето за лична карта да биде приложен и доказ за основот за промената (купопродажен договор, договор за закуп, лична карта од сопруг или родители и слично) каде е запишана адресата. При поднесување на барањето за лична карта граѓаните имаат обврска да ја проверат точноста на податоците внесени во апликацијата и да реагираат ако има недоследности во истите, што не било случај кај лицата кои беа предмет на проверка.

– МВР ги охрабрува невладините организации и претставниците на опозицијата да побараат одговори и одговорност од претходните раководства на Министерството. МВР во иднина им стои на располагање на невладините организации за проверка на сомненијата за да не би се доведувала јавноста во заблуда. Напоменуваме дека непостоењето на целосен адресен регистар кој покрај улиците ќе ги содржи и броевите и објектите, становите, сите краци на улиците честопати предизвикува проблеми па во тие случаи странките се упатуваат да достават точни податоци од надлежен орган Град Скопје сектор за Урбанизам, се вели во соопштението од МВР.

НОВА вчера информираше дека набљудувачите на невладината „Цивил“ утврдиле вкупно 15 фантомски гласачи на адреса „Михаил Чаков бр. 7“ во општина Кисела Вода, кои се наоѓаат на Избирачкиот список.

Во зградата на истата адреса, во Избирачкиот список се запишани шест влеза, иако истата има само три. Во имагинарниот четврти влез се запишани шест луѓе, во петтиот се запишани пет, а во шестиот од непостоечките влезови забележани се четири лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.