Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкуловска: Mакедонскиот идентитет не е Славко Јаневски

0
By Нова ТВ on August 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката Јанкуловска не смета дека лустрацискиот процес, за кој многумина тврдат дека индиректно значи разнебитување на службите за безбедност, го загрозува нивното професионално работење. Лустрацијата, вели Јанкуловска во интервјуто за Прес24, мора да биде спроведена без разлика на кого се однесува.

Во врска со лустрацијата на Славко Јаневски, Томе Серафимовски и Божин Павловски, министерката Јанкуловска оценува дека со тоа воопшто не се подрива македонскиот идентитет.

-За мене македонскиот идентитет не е ниту Јаневски, ниту Серафимовски, ниту кое било име или поединец. Во македонскиот идентитет се вградени сите наши претци. Тоа што ми пречи е обидот македонскиот идентитет да се поистовети со поединци“ оценува Јанкуловска и додава дека македонскиот идентитет не е само напишана книга или скулптура или кое било дело, па макар и да е наградено со Нобелова награда.

„Ниту јас, ниту мнозинството на граѓани не сака и неможе да се идентификува со ваквиот „идентитет“ кој ни се сервира. Затоа мислам дека со процесот на лустрација само го градиме и зацврснуваме идентитетoт на демократска и просперитетна Македонија“ смета Јанкуловска.

-Кој е тој монструозен ум кој може да нареди следење на седиште на опозициска партија. Кој е тој монструозен ум кој може да собира информации и да уништува нечија судбина само затоа што некој бил „македонски националист“. За жал, изгледа дека јасните пораки на македонските граѓани за демократија и владеење на правото, тешко допираат во СДСМ. За нив ако УБК не смее да отвара предмети против политички неистомисленици и ако не смее да соработува со лица по овој основ, значи дека Управата нема што да работи. На наша среќа и на среќа на сите граѓани не е така, вели Јанкулоска.

За трагичната смрт на сопственикот на неделникот Фокус, Јанкуловска тврди дека нама ниту еден доказ кој може да укажува на кривично дело. Она што за Јанкуловска е симптоматично е што опозициската СДСМ речиси за секоја акција на полицијата или пак приведување на некое лице бара политички мотиви.

-Истите лица почнувајќи од Бендевска, Ивановски, Макрадули и други пратеници на СДСМ ги гледавме во протести пред Истражниот затвор и за „Пајажина“ и сега за „Ликвидација“. Зарем треба судот нив да ги моли да достават список против кого може да се преземаат мерки на прогон, а кој се наоѓа надвор од законот. Зарем СДСМ треба да каже кому може, а кому не може да му се изрече мерка притвор, вели Јанкулоска.

Јас не гледам како истиот би можел да води кон нетолеранција и дискриминација. Јас не го спорам правото на СДСМ да има исти ставови со ЛГБТ заедницата, но моите ставови и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се различни. Јас не се сложувам со легализирање на истополовите бракови или давање можност да посвојуваат деца и тоа јасно го кажувам. Додека ВМРО е на власт бракот ќе биде заедница исклучиво меѓу маж и жена, вели Јанкулоска во интервјуто за Прес24.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.