Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкуловска: Шеќеринска во Шутка дојде за да провоцира

0
By Нова ТВ on April 23, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шукар рат пралален тхај пењален (добра вечер браќа и сестри), со овие зборови на вчерашниот митинг им се обрати кандидатот за претседател на држвата Ѓорѓе Иванов на жителите на Шуто Оризари. Тој им се заблагодари за извојуваната победа над својот противкандидат Стево Пендаровски.

„Единствено во оваа општина имаме победа над Пендаровски со пет спрема еден. Се надевам дека и во вториот круг ќе ја имам вашата подршка“, додаде Иванов.
Гордана Јанкуловска носителот на изборната единица 2, вели дека посакува победата на Иванов со разликата од пет спрема еден да се повтори и во недела па да слават двојна победа. Таа додаде дека граѓаните на Шутка ќе ја дадат својата подршка за ВМРО ДПМНЕ и нема да подлегнат на провокации како што беше случајот со потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска која намерно провоцирала и сакала да се прекинат изборите во првиот круг. Тоа не се случи а нема да се случи ни во недела, ќе имаме фер и демократски избори, кажа Јанкуловска.

„Ромите во недела ќе гласаат за инвестиција за изградба на фекална канализација, за пуштање во употреба на ново средно училиште во Шуто Оризари, за санација на кровот на основното училиштето „Браќа Рамиз Хамид“ и изградба на спротска сала, за изградба на 51 социјален стан до 2018 година во Шуто Оризари, за подобрување на водоснабдувањето во Шуто Оризари, за нови народни кујни и за проширување на правната помош за ромската заедница“, кажа Јанкуловска.

Амди Бајрам лидерот на политичката партија СРМ, рече дека повеќе Ромите нема да бидат јаничари, како што ги користеле во времето на владеењето на СДСМ.

„Во недела Иванов ќе има 30 проценти повеќе гласови од претходните избори, а Пендаровски нема да има ниту 500 гласа“, додаде Бајрам.

Премиерот Никола Груевски рече дека постојано работеле напорно да се подобри состојбата на ромската популација, во сите сегменти, од здравствено и социјално право, вработување. Тој најави дека во иднина ќе отвореле работни места и во околината на општината Шуто Оризари, каде што ќе се вработат голем број на невработени Роми.

На вчерашниот митинг специјално беше донесена да ги забавува граѓаните бугарската пејачка Џулија Бикова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.