НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јапонија бара приклучок кон Пацифичкиот договор за трговија

0
By Нова ТВ on March 15, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според изјавите на јапонскиот премиер, Шинзо Абе, Јапонија ќе бара приклучок во преговорите за опсежен, мултилатерален пакт за слободна трговија со САД и другите земји од Пацификот, давајќи тежина на разговорите за трговија, што сега може да опфатат две петтини од светската економија.

Но, исто така, ова претставува истапување на земја со посебни барања и резервации, за која, некои од учесниците во преговорите се со страв дека ќе го одложи конечниот договор.

Премиерот Абе го опишува партнерството на Пацификот како „последна шанса“ Јапонија да остане економска сила во Азија и да помогне во обликувањето на економската иднина на брзо растечкиот регион.

„Јапонија мора да остане центарот на Азиско-Пацифиското столетие. Ако Јапонија продолжи да гледа само внатрешно, ќе немаме никаква надеж за развој“, изјави Абе.

Тој додава дека ова е последната шанса и доколку Јапонија не ја искористи, ќе биде изоставена.

За да го ублажи ударот за уште поотворена економија, јапонскиот премиер има обезбедено неодредена поддршка од САД за некои од јапонските земјоделски производи – како оризот, кој е заштитен со 778 проценти тарифа – и ќе биде ослободен од преговорите за слободна трговија.

Во меѓувреме, не е јасно колку премиерот на Јапонија е подготвен да се заложи за други структурни промени кои би можело да бидат побарани од економијата на Јапонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.