Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавните личности со поддршка за Кежаровски

0
By Нова ТВ on July 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Писатели, академици, универзитетски професори се приклучуваат кон иницијативата за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски од притвор. По силните реакции од меѓународните и регионални организации, со поддршка и барање Кежаровски да се брани од слобода следат реакции и од домашната јавност. Подолу прочитајте ги мислењата и ставовите на јавните личност и интелектуалци кои се обратија преку дневниот весник Нова Македонија.

Стојан Андов, политичар

Ова е многу лош сигнал за јавно изречената мисла што подразбира дека целата таа постапка на начинот на кој се спроведува сега и се држи во притвор новинарот Кежаровски за нешто што напишал пред пет години всушност добива форма на удар врз една од основните вредности на нашиот уставен поредок. Таквиот приод дејствува застрашувачки за секого. Едноставно нема новинар ниту јавна личност на кои за пет години нема да можете да им најдете некој грев според толкувањето на власта и да биде изложен на притвор. Општата синтагма дека притворот не е казнена туку превентивна мерка во случајот на Кежаровски очигледно е казна и се измешани и улогите во целиот наш правосуден систем. Апелирам Кежаровски веднаш да биде пуштен од притвор и да се брани од слобода.

Томе Груевски, универзитетски професор

Како новинар и како професор по комуникологија апсолутно сум против одлуката да се држи колегата Томислав Кежаровски во притвор. Тоа е црна дамка во нашата комуникациска сфера, а тој е само жртва на некои околности. Пет години никаде не избегал, каде ли ќе бега отсега? Нема никаква причина да го држат понатаму. Слушаме дека пробува со штрајк со глад да ја алармира јавноста за оваа состојба во комуникациската сфера, што значи дека веќе дошол до степен да биде подготвен да преземе и такви крајни мерки. Но разочаран сум и од новинарската фела, која се однесува недоволно ангажирано, индолентно, си продолжува со работа како ништо да не се случува, како да немаме колега што чмае во занданите. Здруженијата многу повеќе се борат кое да биде доминантно и кои закони да се донесат, отколку за еден човек и за неговата судбина.

Гоце Смилевски, писател

Во името на човечноста и правдата, ја поддржувам иницијативата за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски од притвор и за овозможување тој да се брани од слобода.

Kатица Ќулафкова, универзитестки професор и член на МАНУ

Добро е да се создадат услови новинарот Кежаровски да се брани од слобода, не само за него туку и за имиџот на Република Македонија како правна и демократска држава.

Александар Прокопиев, писател

За новинар што досега немал, колку што знам, антидржавни ставови, туку само ја вршел својата професионална должност – да ја информира јавноста – фрапираат недоличното апсење и полицискиот третман надвор од сите граѓански рамки и обѕири.
Упадот на специјалци во семејниот дом и во присуство на дете, како да се работи за терорист или ноторен шверцер на дрога или на оружје, како и двапати продолжениот притвор со нелогично објаснување, упатува само на една порака: брутално заплашување и елиминирање на неприкосновеното граѓанско право на сопствен став и мислење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.