„Јавност“ е името новиот интернет портал кој од денес функционира на македонската медиумска сцена и е достапен на адресата www.javnost.mk.
Тој ќе се занимава со политички и економски анализи на актуелни настани и процеси во земјата и светот, со цел на читателите да им ги понуди сите аспекти кои објективното информирање го разликуваат од едностраното и селективно „информирање“ на јавноста.
Длабинската анализа на настаните, односно news behind news е мотото од кое се раководи редакцијата на „Јавност“.
Во “Јавност” работат проминентни новинари: Главен уредник е Катерина Блажевска, уредници се Ида Протугер Вељковиќ, Теофил Блажевски и Митко Билјаноски. Раководител на проектот е Предраг Кукиќ.