НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јазикот на правдата

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа

Балканците имаат многу работи кои ги прават несреќни. Минато и сегашност со многу насилство и омраза, лош начин на владеење со многу корумпирани и авторитарни властодршци кој резултирал во сиромаштија и низок животен стандард како и во реалност во која извонредната природа станала жртва на човекот. Многу нешта не прават несреќни, точно.

Меѓутоа, да се живее во Балканот дава една многу важна можност и предност што многу други луѓе го немаат, а тоа е да се живее во мултилингвална средина, во која децата растат опкружени со разни јазици и кои имаат можност од млади години да бидат барем трилингвални. Тоа е предноста за која зборуваат и современите студии кои укажуваат дека децата кои растат во билингвални средини и учат повеќе јазици стануваат поинтелигентни лица во споредба со монолингвалните. Упорното спротивставување на законското регулирање на мултилингвализмот во едно општество, упорната борба против јазикот на својот сограѓанин, чија службена употреба е уставно загарантирано право е свесно и самоволно определување наместо интелигенција да се избере глупост, наместо знаење да се избере уназадување и наместо меѓусебно разбирање да се избере нетрпеливост.

Предлог-законот за јазици повторно ги вжешти дебатите поврзани со етничките теми во ова општество. Иако албанскиот јазик во оваа држава службено се употребувал и во далечното минато, иако службеноста на истиот се регулираше со Охридскиот договор и Амандманот 5 на Уставот уште во 2001 година, иако беше донесен посебен Закон за неговата употреба во 2008 година и истиот беше изменет во 2011 година, сепак, по се изгледа се уште има дилеми околу тоа дали е или не е службен јазик и колку и каде истиот може да се употребува. Обврската за регулирање на службеноста на албанскиот јазик е обврска која произлегува од Охрдискиот договор и која е вградена во Уставот на РМ. Договорите мора да се почитуваат, ова е суштинското начело на секое цивилизирано општество.

Секако дека треба да се дебатира за сите законски решенија, како што впрочем и се случува, меѓутоа, решенијата кои се предвидени во договорите не може бескрајно да се одложуваат во име на такви дебати. Не смееше да ни се случи 16 години да дебатираме за обврски кои произлегуваат од Охридскиот договор и уште да кажеме дека не е исцрпена дебатата. Па таквата дебата никогаш нема да има крај, ако не се сака да се стави крај и да се премине во други важни прашања. Впрочем целосната имплементација на Охридскиот договор е меѓу главните политички критериуми за интеграцијата на Македонија во ЕУ, така што, повеќе од јасна е двојната обврска за донесувањето на овој закон.

Предлог-законот за употребата на јазиците ги искористува до крај можностите дадени во Амандманот 5 на Уставот на РМ.

Досегашното решение во Законот од 2008 година беше половично и намерно оставено да биде контрадикторно и неправедно во повеќе аспекти за кои досега често се дебатираше. Новиот предлог-закон ги отстранува овие контрадикции и празнини кои предизвикуваа проблеми во реалноста и неправедни ситуации.

Законот од 2008 година беше впрочем тој кој што овозможуваше јазична федерација во оваа држава. Субјективното право на граѓанинот Албанец на Македонија службено да го употреби својот мајчин јазик, да се обрати до државните органи и да добие одговор на тој јазик, покрај македонскиот, кое е впрочем уставно гарантирано право за него, не можеше да се оствари секогаш и резултатот беше јасно воспоставена граница каде тоа право постои, а каде не. Така, Албанец од Струга можеше да го користи своето субјективно право, додека пак Албанец од Охрид не можеше. Ако ова не е јазична федерација, тогаш јас не знам што друго може да биде.

Освен тоа, таквата ситуација се коси и со членот 9 на Уставот на РМ кој предвидува дека граѓаните во оваа држава се еднакви пред Уставот и законите, што според досегашното решение, не беа. Понатаму, како да се заборава дека слободното изразување на националната припадност е темелна вредност на оваа држава според членот 8 на Уставот. Јазикот е важен белег на националната припадност, оттука јазичните права на етнитетите во оваа држава, особено кога Уставот јасно ги гарантира истите, е гарантна обврска на државата и е во суштината на нејзиниот поредок. Уставот треба да се чита како целина и правата кои се предвидени во истиот треба да бидат еднакво достапни за граѓаните кои ги уживаат.

Треба да се прави разлика помеѓу субјективното право на службена употреба на јазикот како што се регулира во Амандманот 5 и службеноста на еден јазик во работењето на институциите.

Јасно е дека во Амандманот 5 се предвидува албанскиот да биде службен во централните државни органи, врз основа на регулирање со закон, и на локалните органи во единиците каде повеќе од 20% граѓани зборуваат јазик различен од македонскиот. Таа можност е сега појасно регулирана во Предлог-законот и се надминуваат досегашните нелогичности и пречки. Впрочем, убаво е што се споменува за кој јазик се работи, бидејќи колку и да се сака да се крие, се знае дека јазикот кој го говорат најмалку 20% од граѓаните на оваа земја а е различен од македонскиот е албанскиот. Работите треба да се определуваат јасно, бидејќи, на пример, сигурно повеќе од 20% во Македонија говорат англиски јазик, па така треба да се знае точно кој јазик е службен.

Во одредени делови Предлог-законот е неприменлив. Таков е делот со употребата на албанскиот јазик во судските постапки. Засега овој дел е целосно неприменлив, не само затоа што на друг начин е регулиран во законите за судските постапки, туку и заради фактот што нашите судници немаат технички услови за аудио-визуелно снимање на рочиштата, што е обврска според овие закони, а ќе им треба уште многу време дополнително да вградат и техника за симултан превод.

За сите работи кои се неприменливи во овој закон може да се најде решение доколку постои добра волја истиот да се види како можност за зближување на граѓаните на оваа земја и нивна подобра интеграција и прифаќање. Меѓутоа, тоа што е проблематично е создавањето на погрешни и опасни наративи во однос на овој закон. Ќе споменам само две такви наративи.

Првиот наратив има посебно име и се вика “Загрозување”. Така се изразуваат некои колеги од Институтот за македонски јазик кои причините зошто македонскиот јазик не е доволно ефикасно заштитен поради слабите законски решенија и уште послабото имплементирање на истите ги гледаат кај Албанците и службеноста на нивниот јазик. Албанците не се виновни зошто законите во врска со македонскиот јазик не се спроведуваат како што треба, впрочем и тие се жртва на неспроведувањето на низа закони во оваа земја. Погрешно и опасно е да гледате загрозување кога истото го нема. Погрешно и опасно е да мислите дека унапредувањето на албанскиот јазик значи уназадување на македонскиот. Погрешно и опасно е да ги уверите граѓаните кои ви веруваат дека повеќе права за Албанците значат помалку права за Македонците.

Правата не се пита, која ако се дели на повеќе парчиња за некого ќе има повеќе за некого помалку. И потполно е нездраво да се протестира против нечие право со цел да се заштити своето. И тоа упорно се случувало во оваа земја и некои уште сакаат да видат некој нов пример од тоа. Така, во деведесеттите се протестираше против правото на Албанците да учат албански во тогашната Педагошка академија. Некои челници на ВМРО-ДПМНЕ кои сега жестоко дебатираат против правото на Албанците на службена употреба на својот јазик во тоа време беа на чело на протестите во кои се извикуваше “гасни комори за шиптари”.

Во тоа време се протестираше и се делуваше и против правото на Албанците да ги истакнат симболите на својот идентитет, како и против нивното суштинско право на високо образование на мајчин јазик. И сега, во 2017 година, пак ли ќе се протестира против правото на Албанците на службена употреба на својот јазик? До кога ќе се протестира против права во оваа држава?

Вториот наратив има старо име и се вика “Федерализација”. Секогаш кога станува тесно Албанците ги обвинуваат за сепаратизам и федерализација. Така беше и порано, како што објаснив погоре. Големи драми, кои резултираа во губење на животи. Така е и сега кога Албанците бараат почитување на Уставот во однос на нивното право на службена употреба на мајчиниот јазик. Едвај чекам да заврши и ова, и после некоја година, кога сегашниот предлог-закон ќе се спроведува, да видиме дали навистина тоа значеше федерализација или пак ќе не направи посилно и подобро поврзано општество.

Впрочем, да беше службената употреба на албанскиот јазик основ за федерализација немаше да го има во Охридскиот договор кој го гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на оваа земја. Како може закон кој би требало “да ја федерализира” земјата да биде меѓу клучните политички критериуми за евро-атлантските интеграции? Нема никаква логика. Која држава во светот се распаднала затоа што имала повеќе службени јазици? Ниту една единствена.

Јас сум уверена дека причината за овие манипулации и за овие немири кои некои доста се трудат да ги предизвикаат со ваквата реторика не е службената употреба на албанскиот јазик, што е всушност дел од нашиот уставен поредок. Не е до албанскиот јазик, до еден друг јазик е. Работата е што кога ќе помине овој закон во Собрание, и кога веќе нема да има толку жестока дебата околу етничките права кои секогаш ги засенуваат некои други битни права, ете тогаш ќе почне да се зборува за официјализирање на еден друг јазик, а тоа е јазикот на правдата. Се повеќе сум убедена дека тоа е главната битка, всушност, колку подолго “дебатираме” и се занимаваме со албанскиот јазик, толку подоцна ќе зборуваме за јазикот на правдата. А тој е многу тежок јазик кој се учи уште потешко од албанскиот, бидејќи истиот бара правдата да важи за сите, а тие што не ја почитуваат да завршат во суд а можеби и во затвор. Тежок е тој јазик, ама ќе мора да го научиме. Вреди да го научиме. Вреди да биде службен јазик во оваа држава.

Беса Арифи закон за употреба на јазиците
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.