Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јохансен: Владата на Норвешка е подготвена да додели грант за АКМИС систем

0
By Ivana on November 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменикот амбасадор на Норвешка, Геир Јохансен, на работниот состанок во Судскиот совет ја извести претседателката Павлина Црвенковска дека владата на Норвешка е подготвена да додели грант со цел да се направи функционален информациски систем за автоматско управување со судски предмети, познат како АКМИС систем.

Според планот, целиот проект ќе трае неколку години, но искуството на Норвешка покажало дека системот е целосно функционален, безбеден и лесно се управува. Системот е веќе интегриран во неколку држави и Норвешка преку заменик амбасадорот пренесе порака дека позитивните искуства сакаат да ги споделат и во Северна Македонија.

Покрај финансискиот дел, судската управа на Норвешка е подготвена да го помогне вградувањето на АКМИС-от и да ги спроведе обуките на персоналот кој ќе биде задолжен за управување со системот преку свои судии, информатичари и други стручни лица со цел македонското судство да биде целосно дигитализирано.

Од страна на претседателката на Судскиот совет, Црвенковска, беше брифирано дека Владата во буџетот има обезбедено 90 милиони денари за набавка на сервери кои ќе се постават во Врховен суд, но и 20 милиони денари за набавка на техничка опрема за судовите, пред се за опремување на судниците и нагласи дека од суштинска важност е процесот на дигитализација да продолжи со забрзано темпо, затоа што сите реформи во иднина почиваат врз овој процес.

Судскиот совет се соочува со недостатоци на постоечкиот АКМИС затоа што во
последната година се донесени низа подзаконски акти кои се однесуваат на
обезбедување независно и објективно судството, а чија имплементација зависи токму од надграден и проширен АКМИС систем.

Судскиот совет ги усвои Методологијата за квалитативно оценување на судиите, Методологијата за утврдување сложеност на судски предмети, како и други стратегии и планови кои директно ќе го подобрат судскиот систем, ќе ја зголемат одговорноста на судиите, а правдата ќе ја направат побрза и поефикасна. За да започне имплементацијата на овие документи неопходно е да биде воспоставен современ дигитален систем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.