Членот на светиот Архиерејски синод на МПЦ, владиката Јосиф Лешочки, вели дека менувањето на уставното име немало и нема да добие благослов од МПЦ.
Во интервју за весникот Вечер, владиката Јосиф нагласува дека имало изгледи за решение на спорот со СПЦ, но потребна била волја.
„Во МПЦ, Синодот веќе има донесено став да не се остапува од уставното име, а тоа е Македонија“, изјавил владиката Јосиф.
Владиката Јосиф во интервјуто тврди дека абортус не треба да има, а истополовите бракови ги карактеризира како производ на страсти и искривени вредности.