Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јован Деспотовски нов в.д. директор на ТИРЗ, прв човек на ФИТР Коста Петров

0
By Нова ТВ on November 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Досегашниот директор на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски заминува на нова позиција. Владата го именуваше за в.д. директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

На негово место во ФИТР доаѓа потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Ова се дел од кадровските решенија донесени на синоќешната седница на Владата. Меѓу другите, се и препорака до Управниот одбор на „Македонија пат“ да го избере Самка Ибраимовски за в.д. заменик-директор. Ибраимовски, кој е претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), во претходниот мандат на владата на СДСМ кратко беше министер без ресор, а потоа стана пратеник.

Смени има и во Државниот просветен инспекторат. Досегашниот директор Томе Спировски е разрешен, а за в.д. е именувам Ардиан Муслиу.

Од директорската функција во Службата за просторен информативен систем е разрешен Беким Халими, а на негово место е именувам Митко Крстевски.

Бесник Елези, пак, е именуван за в.д. заменик-директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Повеќе смени се направени и на директорските функции во Управата за извршување санкции и затворите, кои се под нејзина надлежност.

Јовица Стојановиќ, кој досега беше директор на Управата, е разрешен на негово барање и заминува на пониска позиција – в.д. директор во Казнено-поправниот дом „Идризово“ со Отворено одделение во Велес. На оваа функција досега беше Александар Донев, кој е разрешен.

Нов в.д. директор на Управата е Марјан Спасовски кој, пак, досега беше директор на Отвореното одделение во Крива Паланка во рамки на затворот „Куманово“.

На позицијата што досега ја извршуваше Спасовски е назначен Ненад Цветковиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.